Долно Нерези
![]() Долно Нерези — скопска населба во западниот дел на Општина Карпош. На југ се граничи со планината Водно, на исток со населбите Жданец, Козле и Тафталиџе 2, на север со Карпош 4, додека на запад со реката Вардар, односно населбите Хром и Влае. ИсторијаНа крајот на XIX век Долно Нерези било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.[1][2] На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.[1][3] На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.[4] Опшествени установи
Културни знаменитости
ДемографијаСпоред пописот од 2002 година Долно Нерези било попишано со Средно Нерези и заедно имале 12 418 жители.[5]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia