Оризари (Скопје)За други значења на поимот, погл. Оризари.
Оризари во постарата литература познато како Сарајско Оризаре — историско село и современа скопска населба на територијата на Општина Ѓорче Петров. Името го добила по бројните оризови полиња во селото. Географија и местоположбаНаселбата се наоѓа помеѓу населбите Ѓорче Петров и Дексион, на патот Скопје-Тетово кој поминува низ неа. ИсторијаВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Оризари Челтук и било со христијанско население. Имало 19 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 71 мажи христијани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 156 жители.[2] Стефан Верковиќ го забележува со 208 жители.[3] Во минатото патот го делел тогашното село на два дела. Северното маало било јадрото на селото и било постара населба. Додека јужното маало, под патот, било основано во 1919 година од српски доселеници. Како и секое село, така и Оризари имало свој атар чија обработлива површина кај селаните била позната под имињата: Чашурка, Сливче, Влашко Поле, Бањиште, Ранак, Сув Дуб, Паламида, Орманче, Црвлица, Башалг, Динг, Оризарски Јаз, Чатал, Ветерник, Бунариште, Веле Поле, Рамниште, Крст, Зимниче, Чушк и Страња. Во 1913 година, во селото биле евидентирани 133 жители. Било дел од Општина Бардовци. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на СХС во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 други.[4] Во 1949 година селото броело 49 домаќинства.[5] Оризари било стара населба. Заради својата поволна местоположба и плодното поле, селото уште во турско време брзо станало чифличка населба. Еден од беговите имал и кула во селото која била срушена во 1944 година. Додека селото било чифличко во него живееле Македонци и Роми кои работеле како момоци. Кога селото се ослободило од чифлигарството тогаш се населиле и други домаќинства од различни националности кои добиле и земја со самата прераспределба на земјиштето. Во 1944 година селото било бомбардирано и скоро целосно разрушено. Потоа повторно било обновено. Селото постепено со ширењето на Скопје почнало да се поврзува од двете страна со соседните населби и некаде во 60-тите годни на XX век целосно прераснува во урбана населба. Денес има централно место во урбаниот дел на Општината Ѓорче Петров. Население
РодовиОризари е мешана населба. Според истражувањата од 1949 година, родови во Оризари се:
Знаменитости
ЛичностиЛичности родени во Оризари
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia