Долно Оризари (Скопско)
Долно Оризари — населено место во Општина Шуто Оризари, Скопје. Денес е споено со населбата Шуто Оризари, иако се води како посебно населено место. Географија и местоположбаНаселбата е сместена околу 7 км северно од центарот на Скопје, во рамките на областа Скопско Поле. На север лежи селото Горно Оризари, на запад е Визбегово, а на исток се гробиштата „Бутел“, и по нив, населбата Бутел 1. На југ е населбата Топанско Поле, на југоисток е Бутел 2, а на североисток е Радишани. ИсторијаВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 3 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 10 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 20 жители.[2] Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 162 жители.[3] НаселениеСпоред Пописот од 2002, населбата брои 1.550 жители, од кои:[4]
Општествени установиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia