13 Ноември (населба)
13 Ноември — високоурбанизирана населба во северозападниот дел на Општина Аеродром. Наречена е според Денот на кој е ослободено Скопје. ГеографијаНа југ граничи со населбата Аеродром, на исток и на север со Јане Сандански, додека на север и северозапад со реката Вардар (преку реката е населбата Ќерамидница). Во крајниот југозапад еден крак се граничи со населбата Острово. ДемографијаСпоред пописот од 2002, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[1] Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
Општествени установи
Културни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia