Средно Нерези
Средно Нерези — скопска населба во западниот дел на Општина Карпош, сместена на падините на Водно. ГеографијаНаселбата се наоѓа малку над населбата Долно Нерези, и понекогаш се смета за дел од неа. Сместена е во југозападниот дел на градот, на исток од реката Вардар и на југ од булеварот „Македонија“. ИсторијаМестото непрестајно населено уште од брозеното време, за што сведочи старата населба во денешното наоѓалиште Круша. На крајот на XIX век Средно Нерези било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.[1][2] На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.[1][3] На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.[4] ДемографијаСпоред пописот од 2002 година Средно Нерези било попишано со Долно Нерези и заедно имале 12 418 жители.[5]
Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia