Мирославци
Мирославци или Мирославица (грчки: Μυροβλήτης, Мировлитис; до 1928 г. Μυροσλάβιτσα, Мирославица;[1]албански: Masllavica) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. ГеографијаМирославци се наоѓало крај изворите на реката Коничка Река (Сарандапорос) меѓу планините Горуша од исток и Аренес од запад. Иако административно е во Македонија, Мирославци географски му припаѓа на Епир. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСелото првично било македонско, но населението го напуштило немирното време на крајот од XVIII век, а на негово место се доселиле Албанци муслимани.[2] На крајот од XIX век Мирославци било големо село во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мирославци (Мирославъ) имало 230 жители Арнати муслимани.[3] За време на Илинденското востание на 7 септември 1903 г. во Мирославци влегла големата чета на Васил Чакаларов и го запалила.[2][4] Грчката статистика од 1905 г. го води Мирославица како село со 150 жители „Турци“.[5] Во тоа време Грците ги воделе албанските муслимани како „Турци“, без оглед на тоа дали самите се изјаснувале така. Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 45 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 87 лица.[2] Во 1928 г. селото е преименувано во Мировлитис, кога имало 92 жители. Мирославци се распаднало за време на Граѓанска војна (1946-1949) и малкуте преостанати семејства се иселиле во Албанија.[2] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia