Ветерник
Ветерник, Вртеник[1] или Вретеник[2] (грчки: Βετέρνικο, Ветернико, или Βετεάρνικ, Ветеарник, или Βετέρνικ, Ветерник; албански: Vreteniku) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало во северното подножје на планината Грамошта, на левиот брег на реката Бистрица (Белица). Јужно од селото е тесната клисура Катафики, низ која реката се спушта од котлината на Грамошта во онаа на Загар. ИсторијаВо 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.[3] На крајот од XIX век Ветерник било влашко село во Костурската каза. За време на Илинденското востание во селото влегла четата на Коста Здрољов од Д’мбени, дел од големата чета на Васил Чакаларов, и се борела со башибозукот.[2] Македонската чета го изгорела селото.[1] За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia