Радигоже
Радигоже или Чифлик (грчки: Αγία Άννα, Агија Ана; до 1928 г. Ραδιγκόσδι, Радигосди[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 18 км југозападно од градот Костур, на еден км североисточно од селото Нестрам, на надморска височина од 840 м.[3] Селото е сместено на левиот брег на Стенска Река, на која е расположен Радигошки Водопад. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо османлиски дефтер од XV век во Радогожд по име се заведени 54 глави на семејствата.[4] Во даночните записници од средината на XV век Радогожде е споменато со 13 глави на семејства и една вдовица: Никола, Јано, Стајо, Мано, Тодор, Јорг, Стајко, Андрија, Јорг, Никифор, Михо, Стајко, Димо и Мара. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 976 акчиња.[5] Во XIX век Радигоже било македонско чифлигарско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак. Поради тоа што селото било чифлик на турски бег, било познато под името Чифлик или Голем Чифлик.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Радигоже се води како две чисти македонски села во Костурската каза, Горно Радигоре со 3 куќи и Долно Радигоре со 18 куќи.[6] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Радигоже имало 85 жители, сите Македонци.[7][8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радигоже имало 144 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8][9] Според грчки извори, во 1905 г. во Радигоже имало 150 жители „Грци“.[10] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 15 македонски семејства.[8][11] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 137 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 111.[3] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Радогош имало 15 куќи на словени (Македонци) христијани.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Агија Ана (Αγία Άννα). Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа.[3] СтопанствоСелото е сиромашно. Населението произведува ограничено количество жито, ореви и друго.[3] НаселениеДенес населението на Радигоже останува целосно македонско.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Нестрам, Јановени, Слимница, Пилкати, Омотско, Стенско и Тухол. Културни и природни знаменитости
ЛичностиРодени во Радигоже
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia