Личотер
Личотер или Лисотер (грчки: Περιστερά, Перистера или Περιστεριά, Перистериja; до 1928 г. Λίτσιστερ, Лицистер,[1] Λιτσοτέρι, Лицотери) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Од селото денес останала само црквата „Св. Никита“. ГеографијаСелото се наоѓало во областа Нестрамкол, 27 км југозападно од градот Костур и 5 км западно од општинското седиште Нестрам. Лежело во северните пазуви на планината Грамошта, на Личотерска Река, притока на Бистрица.[2] ИсторијаЛичотер во минатото било македонско село, кое се растурило за времето на Али-паша Јанински. Подоцна, на негово место е подигната колибарска сточарска населба во која се сместиле Грци Качауни, и било толку незабележително што не се споменува во постарите статистики.[2] Кон крајот на XIX век Личотер било село во Костурската каза. По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција, и истата година во него се попишани 89 жители.[2] Во 1928 г. властите го преименувале во Перистера,[3] кога имало население од 104 лица. Во 1940 г. се населението бележело 114 жители, но подоцна се распаднало за време на Грчката граѓанска војна и денес не постои. Од селото денес е преостаната само црквата „Св. Никита“.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia