Котелци
Котелци (грчки: Κοτύλη, Котили; до 1927 г. Κοτέλτσι, Котелци[1]) — напуштено село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 11 км југозападно од општинскиот центар Нестрам, високо на пазувите на планината Горуша, на надморска височина од 1.180 м. Поради надморската височина, зимите се прилично остри и извесвно време врските со надворешниот свет се прекинуваат.[2] Крај селото минува Котелска Река. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Котелци било големо грчко качаунско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Котелци имало 160 жители Грци.[3][4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Котелци се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Котелци имало 200 Грци и во селото работело грчко училиште. [6][7] Според грчки извори, во 1905 г. во Котелци имало 200 жители Грци.[8] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 340 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 312.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Котили (Κοτύλη). Во текот на Граѓанската војна, селото тешко настрадало и било напуштено од неговите жители. По војната во 1950 г. жителите биле преселени во новото село Ново Котелци, сместено на 2 км од старото село.[2] Во селото се зачувани црквата „Св. Ѓорѓи“ и Котелски мост. СтопанствоГлавно занимавање на населението било шумарството, а во помала мера било застапено и земјоделството. Делумно развиено било и сточарството.[2] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитостиМостови
Цркви Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia