Слатина (Костурско)
Слатина (грчки: Χρυσή, Хриси; до 1926 г. Σλάτινα, Слатина[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 96 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа 40 км југозападно од градот Костур, високо на пазувите на планината Грамошта на надморска височина од 1.130 м. [3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо даночните записници од средината на XV век Слаитна е споменато со 17 глави на семејства и еден неженет: Витан, Којо, Васил, Војнак, Анастас, Ѓуро, Петру, Ѓуро, Тодор, Алекса, Димос, Јорги, Михал, Никола, Новак, Михо, Насто и Мане. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.499 акчиња.[4] Во XIX век Слатина било грчко село во Костурската каза на Горичкиот Санџак. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слатино се води како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 40 куќи.[5] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Слатина имало 120 жители, сите Македонци.[6] Според грчки извори, во 1905 г. Слатина имало 500 жители Грци.[7] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Слатина се запишани 349 жители, кои во 1920 г. се намалиле за 325 лица.[3] СтопанствоГлавно занимање на населението е шумарство, а помалку со сточарството и земјоделството.[3] НаселениеСлатина во минатото била чиста македонска населба, но е напуштена во немирните години. Подоцна во неа се населиле грчки семејства од областа Епир, познати како Качауни.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Аренес со седиште во селото Борботско, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Слатина, во кој влегува и селото Висанско. Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia