Осиче (Кумановско)За други истоимени места, погледајте Осиче.
Осиче — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово. Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Осиче имало 5 жители, сите Македонци.[3] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиОсиче е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени Родови во Осиче се: Миленковци (5 куќи) нивното потекло е од селото Опила, кривопаланечко. Го знаат следното родословие: Тасе (жив на 60 г. во 1971 година) Цветан-Величко-Миленко кој се доселил во селото. Миленко во Опила убил Турчин и се доселил во Осиче; Стојковци (1 куќа) отсекогаш имале едно домаќинство, доселени се однекаде; Јаудици (1 куќа) и они се доселени однекаде; Веселиновци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Црвен Град, Горна Пчиња; Арсеновци (1 куќа) доселени се однекаде; Дитковци (1 куќа) родот го основал домазет кој дошол од кривопаланечкото село Гулинци.[8] ИселеништвоИселеници има во кумановските села Лопате и Тромеѓа, како и во градот Куманово.[8] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia