Орах
Орах (или Сув Орах) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово. Географија и местоположбаСе наоѓа на јужните падините на планината Козјак, во центарот на Средоречкиот регион. Орах од градот Куманово оддалечен околу 20 км северо источно, поред селото проаѓа магистралниот пат Куманово - Ќустендил. Надморска висина на селото е од 550 до 617 метри, атарот на селото Орах е деломично рамничарски и брдски со ридови кој иммаат и до преко 900 метри (Овчаров гроб 940 метри, Непци 838, Велја страна 811). Селото граничи со атарите на селата; Облавце, Бељаковце, Канарево, Аљинце, Цвиланце и Димонце. ИсторијаПрвите пишани податоци за Орах се споменуваат во 1519 година за Турско време кога се село Орах спомнува како населба во состав на Нагоричка нахија со 39 домаќинства и то сите христијански, и ниедно муслиманско'.[2] Во наследниот пописот на домаќинства извршен во 1573 година, биле регистрирани 79 домаќинства (сите христијански и едно муслиманско). На крајот од XIX век селото Орах се спомнува како христијанска населба во Кумановска каза од 760 жители[3] Во време на Првата светска војна и бугарска окупација село Орах станало општина, со 615 жители.[4]. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[5] Население
Според пописот од 2002 година, во селото Орах имало 113 жители, сите Македонци.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 80 жители, од кои 69 Македонци, 1 Албанец и 10 лица без податоци.[7] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиОрах е македонско село. Според истражувањата од 1971 година родови во селото се: Суљевци (35 к.), Каменитица (30 к.), Рашанци (10 к.), Суводолци (23 к.) и Долномалци (25 к.) сите родови во селото се староседелски. Само населението многу одамна, направиле промена на положбата на селото, во еден од родовите се знае следното родословие: Коле (жив на 65 г. во 1971 година) Денко-Стевко-Стојан-Јован, кој дошол во денешното село од старото.[12] Културни и природни знаменитости![]() Верски објектиНајзначајниот споменик во атарот на селото e Карпинскиот манастир со своја манастирска црква изградена во XVI-XVII век посветена на Воведението Богородичино. Друг значаен споменик е селската црква „Св. Никола и Св. Ѓорѓи“ (вториот е заштитник на селото) од XV – XVII век. Ликовна колонија КарпиноЛиковната колонија Карпино се организира секоја година во месец август во манастир Карпино[13]. Првата колонија од овој вид била организирана во 2002 година, на 8 одржани колонии твореле уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска и Романија. Уметкичките дела, слики и скулптури, се прикажуваат секоа година на соодветна изложба во кумановски Центар за Култура Трајко Прокопиев. Археолошки наоѓалишта
ИселеништвоПостари иселеници имало во Горна Пчиња (во Србија). Шурдинци се иселиле во селото Барбарце. А Суљинци и Орашинци се иселиле во селото Злодовце. Други постари иселеници има во Руѓинце (Анѓеловци), Макреш (Карталци), Долно Коњаре (Илија и Мара). Јурумлери кај Скопје (Петковски). Од крајот на Втората светска војна иселеништво имало во поблиските градови во Македонија, како и во Србија, воглавно во Белград.[12] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia