Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
Златановци (8 к.), Реканци (8 к.), Везуличанци (8 к.), Стојановци (7 к.), Брлошковци (6 к.), Лукарчанци (4 к.), Долно-маалци (4 к.), Ливаѓани (4 к.) и Гробиштанци (2 к.) постои предание дека сите родови потекнуваат од ист предок, само никој не знаел да каже дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.[9]
Од Дејловце има голем број на иселеници. Некои се иселувале помеѓу двете светски војни, а некои потоа. Иселеници има во Скопје (околу 10 семејства), Куманово (7-8 семејства), Качарево, Јабука и Глогоњ (севкупно околу 10 семејства).
Иселеници исто така има и во Тромеѓа (Тасиќи, Величковиќи, Младеноски и Димитријески), Доброшане (Митрески, Небитници, Петрушевски, Милковци, Додевски и Радевски), Стрезовце (Живушка и Дејловчани), Канарево (Дејловчанци).[9]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“