Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
Староседелци:Дулутовци (4 к.), Бајдовци (4 к.), Царци (3 к.), Трајановци (9 к.) и Велковци (7 к.) сите родови потекнуваат од двајца браќа кои се викале Ристо и Велко, и кои преживеале по пропаста на старото село. Во родот Велковци се знае следното родословие: Постол (жив на 65 г. во 1971 година) Манасија-Анто-Илија-Ристо.[9]
Добрача до 1944 година пораснала до 40 домаќинства. А потоа настанало големо иселување на населението. Населението почнало да се иселува во Глогоњ кај Панчево (околу 4 семејства), Куманово, Скопје и Белград.
Постари иселеници по селата се. Добрачани се иселени во селото Опае. Бачковци во Горно Коњаре. Китановци во Бедиње.[9]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“