Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
Доселеници: Јовановци (22 к.), Клинчарци (9 к.), Алабуцини (6 к.) и Шантирци (4 к.) сите се доселени од селото Старо Нагоричане. Во родот Јовановци се знае следното родословие: Стојче (жив на 66 г. во 1971 година) Максим-Арсо-Стојан, еден од првите доселеници; Беризимци (17 к.) доселени се од селото Драгоманце. Подалечно потекло од околината на Параќин во Србија; Гаговци (4 к.) доселени се однекаде; Челопечанци (3 к.) доселени се од селото Челопек.[9]
Иселеништво
До 1971 година 4 семејства се иселиле во Австралија. Во мај 1971 година 15 млади момци се спремале да се иселат во Австралија. Потоа планирале и своите семејства да ги повлечат.[9]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“