Степанце
Степанце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово. Потекло на иметоИмето на селото е старо. Поединци мислат дека името дошло од некое истоимено село од каде се населиле првите доселеници. Се поставува прашањето дали е тоа селото Степанци, во близина на Велес.[2] Географија и местоположбаНаселбата се наоѓа во областа Козјачија, во средишниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од левата страна на реката Пчиња. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина околу 470 метри.[3] Од градот Куманово селото е оддалечено 28 километри.[3] Селото се наоѓа во подножјето на планината Козјак, на пространа висорамнина. Села со кои се граничи Стапенце се: Жегљане на север и Врачевце на југ.[4] Атарот зафаќа површина од 11,3 км2. На него пасиштата заземаат површина од 534 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 422 хектари.[3] Степанце е село од разбиен тип. Најстаро е Горно Маало. Останатите маала вообичано се наречени по имињата на родовите кои живеат во нив. Селото има вкупно 17 маала.[4] ИсторијаНародната традиција вели дека пред денешното село постоела друга постара населба. Од тоа време се останатите урнатините од црквата „Св. Никола“ во Горно Маало, стари гробови и земјени ќупови. По пропаѓањето на старото село, одредено време просторот на денешното село не бил населен. Кон крајот на XVIII век тука се населиле 3-4 домаќинства во денешното Горно Маало. Од тие домаќинства настанале две групи на родови: едната група славеле Свети Никола, а втората група Свети Архангел.[4] Во XIX век, Степанце било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство. СтопанствоСелото има полјоделско-сточарска функција.[3] Покрај тоа, селото, заедно со селата Канарево и Орах, е познато по своите каменоресци. Жителите изработувале корита („мрамори“), надгробни споменици, блокови за ѕидање на куќи и други.[4] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Степанце имало 380 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Степанце имало 406 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7] Степанце е населено со македонско население, коешто во 1961 година броело 382 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 118 жители.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Степанце имало 88 жители, сите Македонци.[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 48 Македонци, 1 Србин и 9 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСите родови потекнуваат од доселените родови. Една група ги сочинуваат: Ѓорѓовци (7 к.), Ивковци (5 к.), Брдарци (3 к.), Шукарци (2 к.), Бучуци (2 к.), Дудунци (2 к.) и Максимовци (2 к.), слават Свети Никола. Другата група ги сочинуваат: Басарци (3 к.), Шуљковци (3 к.), Вељковци (2 к.), Менковци (2 к.) и Ружајци (1 к.), слават Свети Архангел. Третата група на родови е составена од: Дрењарци (2 к.), слават Свети Архангел; Мушуци (1 к.), слават Свети Никола; Наридњак или Јосим (1 к.), слават Свети Архангел и Џакевци (1 к.), слават Свети Никола. Помлади родови, чие потекло се знае, се: Шаљинци (7 к.), слават Свети Никола, дошле од Шајинце во Горна Пчиња; Беговци (3 к.) и Петковци (2 к.), потекнуваат од ист предок, доселени од Малотино, слават Свети Архангел; Гарејци (4 к.), слават Свети Никола, доселени од соседното Карловце; Саздини (2 к.), слават Свети Архангел, доселени од соседното Канарево. ИселеништвоНајголем дел од иселениците од Степанце се населиле во селата од Горна Пчиња, како и во селата Сушево (Жегљанци, 7 к.), Челопек (2 к.), Горно Коњаре (2 к.) и Лопате (1 к.). Поголем одлив на населението се случил по Втората светска војна, кога голем дел од младото население се иселил во градот Куманово.[4] Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Жегљане, во која влегувале селата Жегљане, Карловце, Кокино, Коинце и Степанце. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Степанце се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце и Пузајка. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане. Редовни настани
Личности
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia