Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
Стари родови:Ѓокинци (5 к.), Цоровци (3 к.) и Голомевци (2 к.)
Доселени родови:Петраљичанци (5 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Петралица, Кривопаланечко; Чунгурци (4 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Цвиланце; Цветановци (2 к.) доселени се кога и другите два рода од селото Макреш; Алексовци (2 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане; Савевци (1 к.) доселени се од истото место како и претходниот род.
Доселени каурски Роми:Јаќимовци (1 к.) доселени се од селото Макреш пред 1912 година; Коњушанци (2 к.) доселени се како просјаци во 1918 година од селото Коњух; Николовци (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Конопница, Кривопаланечко.[9]
Во турско време во селото живеел родот Ѓокинци. Они во 1908 година имале куќна задруга од 20 членови. Тогаш чувале околу 500 овци и 12 овчарски кучиња. Но поради недоразбирањата со сопственикот на чифликот Ѓокинци морале да се иселат во селото Стрезовце. Но потоа се вратиле во селото, но по некое време овој род изумрел.
Се знае и за други родови кои ги нема повеќе во селото, како. Војничанци и Мазници иселени се во селото Клечевце. Војничанци иселени се во селото Студена Бара.[9]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 9,09,1Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
↑Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 206-207. ISBN9989649286.