Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 2.311 жители од кои: 2.218 Македонци, 18 Роми, 73 Срби и 2 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.311 жители, од кои 1.234 Македонци, 1 Албанец, 36 Срби, 7 останати и 33 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
130
1953
183
—
4
—
—
6
...
—
—
193
1961
273
—
1
...
...
4
...
2
—
280
1971
617
2
—
9
...
22
...
3
—
653
1981
1.230
1
3
—
—
42
...
21
—
1.297
1991
1.737
—
1
7
—
61
...
84
—
1.890
1994
1.864
—
1
4
—
70
...
5
—
1.944
2002
2.218
—
—
18
—
73
—
2
—
2.311
2002
1.234
1
—
—
—
36
—
7
33
1.311
Родови
Проевце е македонско село.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Ѓоргијовци (7 к.) и Стојкови (6 к.) најстари родови во селото. Возможно е да се староседелци. Мишевски (7 к.) доселени се од селото Габреш. Станковски (4 к.) доселени се од селото Биљановце. Тодоровски (2 к.) и Антевски (1 к.) доселени се од селото Доброшане. Бошкови (1 к.) доселени се од селото Орашац. Таму припаѓале на родот Гегевци, подалечно потекло од Дебарско. Бошковски (1 к.) доселени се од селото Јачинце. Петровски (1 к.) доселени се од селото Пчиња. Насковски (1 к.) доселени се од селото Карабичане. Додевски (4 к.) доселени се од селото Ранковце кај Крива Паланка. Тодевци (3 к.) доселени се од селото Кокошиње. Страцинци (2 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово. Младенови (2 к.) доселени се од селото Отошница кај Крива Паланка. Дисе (1 к.) доселени се од селото Пезово. Златановски (1 к.) доселени се од селото Горно Коњаре. Иљо (1 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка. Мите (1 к.) доселени се од селото Куклица кај Кратово. Боге (1 к.) доселени се од селото Младо Нагоричане.[8]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.