Студена Бара
Студена Бара — село во Општина Куманово, во областа Блатија, во околината на градот Куманово. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Куманово, сместено на десната страна на реката Пчиња. Атарот на селото се граничи со подрачјата на општините Петровец и Илинден.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 270 метри. Од градот Куманово е оддалечено 19 километри.[2] Селото е поврзано со асфалтиран локален пат, кој води од селото Биљановце. Студена Бара е поголемо село на дното на долината на Пчиња, сместено на нејзиниот десен брег. Околни села се Пчиња на север, Вак’в на исток и Нов Чифлик на југ. Во минатото, водата за пиење мештаните ја добивале од поголем број на бунари. Во атарот на селото извира изворот Шаќево Кладенче.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Кичиница, Голема Страна, Ѓелеш Аргаш, Крушче, Длабоки Дол, Чурлинова Ридчка, Скопска Рупа, Агушев Брес, Етевска Рупа, Ставенова Ридчка, Мачина Глава, Стари Лозја, Вилџанов Рид, Желевица, Јанкова Ридчка, Столица, Орљак, Уши, Бела Земја, Било, Заберски Рид, Грагор, Продина Глава, Крс, Зелени Рид, Влашко Трло и Шаќевица.[3] Студена Бара има збиен тип, поделено на три маала: Горно, Средно и Долно Маало. Маалата не се остро издвоени една од друга, додека родовските куќи се групирани.[3] ИсторијаПодрачјето на селото било населено уште од доцноантичко време за што говори наоѓалиштето Османов Дол.[4] По народната традиција, селото се смета за доста старо. Во него се наоѓа црквата „Св. Богородица“ во јужниот дел од селото, околу која се наоѓаат и селските гробишта. Не се знае нејзината изградба, но за време на отоманскиот период, во нејзе доаѓале и жителите на Романовце, Агино Село, Вак’в и други. Во самото село и околу селото мештаните при орање наоѓале темели на куќи и ќерамиди.[3] Денешното село најпрвин било православно-муслиманско село. Од почетокот на XIX век, во него започнале да се населуваат муслимани, чие потекло било од Албанија (Дебар и други краеви). Поради тоа, дел од староседелците се иселиле. Од тие иселеници потекнува родот Умаровци во селото Режановце кај Куманово. Кон средината на XIX век, во селото имало 7 староседелски христијански домаќинства и 80 доселени муслимански куќи.[3] Наредната фаза во животот на селото дошло за време на кримската војна која траела во периодот 1853-1856 година. Тогаш, главатарот на селото Агуш-ага со истакнатите селски муслимани заминал во војната за да се бори против Русија и таму останале три години. За тоа време, во селото дошол Мемед-бег, татко на познатиот скопски Јашар-бег, кој имал главен чифлиг во Дељадровци. Мемед-бег во ова село ископал голем јаз и изградил воденица и ја намножил живата стока (околу 300 говеда). Потоа, тој удрил зулум на Арбанасите, откупувајќи им ја земјата и тие се иселиле од селото. Иселените муслимани заминале во Свети Николе (20 к.), соседното село Крушје, потоа во Прешево (10 к.), Скопје (6 к.), Куманово (5 к.) и Романовце (3 к.).[3] Во тоа време, Мемед-бег не успеал да ги исели само Салиќајини, кои биле 3 домаќинства. Тие дури се судиле во Видин, каде победил Сали-ќаја. На местото на иселените Арбанаси во селото започнале да се населуваат многу македонски родови.[3] Околу 1878 година дошло до нов судир помеѓу оние кои работеле на чифлиците на Јашар-бег и новонаселените муслимански Арбанаси. Тие се населиле недалеку од селото на месноста Османов Дол. Судирот се појавил поради пасиштата, поради што Арбанасите заклале поголем број на говеда на Јашар-бег, додека овој убил некој Осман. Оттаму доаѓа и името на месноста. По убиството, Арбанасите заминале во други населби.[3] Преку Студена Бара во минатото водел важен пат во насока север-југ и во селото постоел ан. Сепак, патот изгубил на важност со отворањето на железничката пруга Солун-Скопје-Ниш.[3] Беговската кула се зачувала во селото до 1950-тите години и во приземјето живеело едно македонско домаќинство.[3] До 1912 година, во селото постоела џамија, која се наоѓала во дворот на денешниот Македонец Митре Митревски.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 15,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 995 хектари, на пасиштата отпаѓаат 288 хектари, додека шумско земјиште нема.[2] Во основа, селото има полјоделска функција. Во него постои фабрички погон и услужни објекти.[2] Селото има поволна земјоделска положба, обработувајќи влажни култури (пченка, коноп) по низинскиот дел и суви култури на ридовите (жито, тутун, винова лоза). Сточарството е послабо развиено, одгледувајќи волови и крави за сопствени потреби.[3] Од околу 1860 година, главен во селото бил Мемед-бег, кој подоцна го наследил Јашар-бег. Сепак, покрај нив, во селото помали чифлици имале и други скопски Турци, како Аршин-бег, Мустафа-ага, Ејуп-ага, Лолевци, Челебиеви и други.[3] До 1912 година, сите Македонци работеле во чифлиците, а потоа почнале да ја купуваат земјата, или ја добиле со аграрната реформа.[3] Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото имало мешано христијанско и муслиманско население, каде имало 41 христијанско[5] и 13 муслимански[6] домаќинства. На овој попис биле забележани 134 мажи христијани, со 16 новороденчиња и 39 мажи муслимани со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 380 жители. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Студена Бара имало 202 жители, од кои 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија, 30 Власи и 12 Роми.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци и 100 Турци.[8] Од селото се иселил голем дел од населението. Така, селото во 1961 година броело 1.070 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 403 жители, од кои 401 биле Македонци.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Студена Бара живееле 344 жители, од кои 343 Македонци и 1 Србин.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 231 жител, од кои 200 Македонци и 31 лице без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСтудена Бара e воглавно македонско село, иако во него живееле разновидно население.[3] Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:
ИселеништвоПорано во селото имало поголем број муслимански родови. Но, тие се иселувале во повеќе наврати. Посилен интензитет на иселување имало после 1912 кога голем број од населението е иселено во Турција.[3] По родови се знае за следниве иселеници:[3]
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Студена Бара било село во нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Куманово. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Романовце, во која покрај селото Студена Бара, се наоѓале и селата Агино Село, Биљановце, Брзак и Романовци. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Пчиња, во која влегувале селата Вак’в, Пчиња и Студена Бара. Избирачко местоВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 1099 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 207 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia