Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 43 жители, од кои 37 Срби, 5 Македонци и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 13 Срби и 7 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Лица без под.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
218
1953
—
—
—
8
—
245
...
1
—
254
1961
8
—
—
...
...
309
...
7
—
324
1971
2
—
—
—
...
224
...
5
—
226
1981
13
—
—
—
—
123
...
2
—
138
1991
1
—
—
—
—
54
...
—
—
55
1994
2
—
—
—
—
51
...
—
—
53
2002
5
—
—
—
—
37
—
1
—
43
2021
—
—
—
—
—
13
—
—
7
20
Родови
Карабичане е православно мешано село.
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Доселеници:Бојини (4 к.) доселени се од селото Никуљане. Го знаат следното родословие: Станко (жив на 72 г. во 1972 година) Димко-Јован, предокот кој се доселил; Црвенковци (7 к.) и Басмарци (5 к.) доселени се од селото Табановце. Во родот Црвенковци се знае следното родословие: Петар (Жив на 62 г. во 1972 година) Алексо-Стојко, основачот на родот. Родот Басмарци во Табановце припаѓал на родот Мушкини; Врањанци (6 к.) доселени се од селото Себрат кај Врање; Бубини (6 к.) доселени се од селото Проевце; Марушинци (5 к.) доселени се од селото Алгуња; Кечини (3 к.) доселени се од селото Думановце; Подкулајци (5 к.) и Дубоваци (2 к.) доселени се од селото Рамно; Милан (1 к.) доселен од селото Црна Река во Горна Пчиња.[8]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑ 8,08,1Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница..