Режановце
Режановце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Жеглигово, оддалечено на 5 километри северозападно од градот Куманово. Во крајниот источен дел на атарот е сместен спортско-воениот аеродром „Аџи Тепе“. ИсторијаРежановце е населено уште од железното време за што сведочат две археолошки наоѓалишта. Селото се споменува во опширен пописен дефтер од 1570 година, како мулк на принцезата Елалди-Хатун, ќерката на султанот Мехмед I. Селото било дел од Ќустендилскиот санџак, Кратовската каза и нахија Нагоричане, каде биле забележани 12 муслимански семејства, 40 христијански семејства, 24 неженети и 4 вдовици христијани. Вкупниот данок на селото изнесувал 9688 акчиња.[2] На сред село, источно од местото Крст, се наоѓа старата зграда, која ја викаат чифлик. Таа е голема зграда. Првобитно била долга 35, а широка 15 метри. Долниот, подрумскиот дел е ѕидан со камен, ќерпич и кал. На истиот се ставени дебели греди и душеме. Горниот дел е ѕидан до половина со ќерпич и кал, а втората половина е соѕидана со печени цигли-тули и кал. Потоа, има таван, а на него поткровје. Од источната и западната страна, од спратот до билото, ѕидот е ѕидан со печени цигли и кал. Чифликот е на две води. Ќерамичките се донесени од Солун. И на истите пишува ТСОЛИНКИ. Чифликот има 8 соби. Тој бил сопственост на Сала-ага. Изграден е околу 1880 година. Подрумскиот дел служел за сместуваље на добитокот, а горниот дел-спратот за живеење. Во 1939 година Сали-ага му го продал чифликот на Борис Јовановски за 15.000 динари. Едната половина од чифликот опстојувала до денешно време, но била срушена со граната во Воениот конфлит од 2001 година. А како последен господар на чифликот се сметал Ќемал-паша што извесно време бил валија во Босна. Воденичарска МаалаРежановце во 1920 година имало околу 20 куќи. Куќите биле групирани во Горна и Долна маала. Турските богови ја имале најубавата земја во селото. Уште имало чифчии, кои ја обработувале земјата и плодовите ги давале на боговите. Турците продавале на православните земја, но за големи пари. Ама тие тешки пари малку ги имало. А чифчиите одвај преживувале со своите семејства. А покрај селото имало многу убави ниви-површини. Владимир,Милан и Бошко Спасиќ, познати како Поптасини, живееле во Горни Стаевац. Тешкиот живот ги натерал Милан и Бошко да заминат на печалба во Америка. Во Америка биле во 1909 до 1921 година. Милан и Бошко работеле во Америка 12 години и кога се вратиле сакале да се иселат од Горни Стаевац, па така трагајќи по Куманово го нашле Режановце и нашле место и им се бендисало и го купиле местото од Асана-бег за 10 оки злато. Тие на оваа површина имале и воденица. А во 1945 година семејството Воденичарци имало околу 24 члена. СтопанствоНаселение
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци и 150 Албанци.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живеат 705 жители, од кои: 661 Македонец, 1 Албанец, 1 Турчин и 42 Срби.[4] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 442 Македонци, 16 Албанци, 18 Срби, 4 останати и 97 лица без податоци.[5] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРежановце е македонско село, а порано во него имало и Роми и Албанци. Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се: Македонски родови
Православни Роми
Албански родови
Општествени установи
Самоуправа и политикаКултурни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia