Селото Матка се наоѓа на 11 км северозападно од градот Скопје. Во близина на селото се наоѓа езерото Матка со својата електрана, изградена во 1938 година.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 16 семејства сите христијани.[2]
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 8 христијански[3] и 10 муслимански[4] домаќинства. На овој попис биле забележани 23 мажи христијани, со 2 новороденчиња и 41 мажи муслимани со 2 новороденчиња. Било забележано дека 4 мажи муслимани со своите семејства се тазе доселени во Матка. Се проценува дека селото во тој период имало 144 жители.
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 120 жители Албанци муслимани и 90 Македонци христијани.[6] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[7] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[8]
Во далечното историско минато поточно во 1938 година во селото Матка на реката Треска е изградено вештачкото езеро Матка. Таа акумулација е најстарата акумулација на Балканскиот Полуостров. Ова место се смета за туристичко-излетничко.
На пописот од 2002 година, селото имало 468 жители, од кои 167 Македонци, 300 Албанци и 1 Србин.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 466 жители, од кои 157 Македонци, 248 Албанци, 1 Србин, 5 Бошњаци, 4 останати и 51 лице без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се
Македонски
Староседелци:Дуаловци (8 к.) и Лауровци или Кобуровци (13 к.) во поново време познати и како Трајчевци и Ѓорчевци.
Доселеници:Маќовци (5 к.) доселени се од селото Луковица. Таму имале истоимени роднини. Го знаат следното родословие: Анто (жив на 65 г. во 1949 година) Цветан-Бошко-Гроздан, кој се доселил во селото; Шопои или Панчеи (2 к.) доселени се од селото Ивање, сега уништено село близу Треска, на падините на Осој. Го знаат следното родословие: Трпче (жив на 52 г. во 1949 година) Цветан-Панче-Трајко.
Албански
Доселеници:Шкека (10 к.) доселени се од местото Дарда во Матија, Албанија. Во старото место биле Ајдуци, потоа од крв се иселиле од старото место тројца браќа. Го знаат следното родословие: Рефик (жив на 48 г. во 1949 година) Мифтар-Ибраим-Авдија-Ибраим, еден од браќата кој се доселил. Имаат роднини во Љубин и ’Ржаничино; Долдуровци (5 к.) доселени се од местото Бице во Љума, северна Албанија; Еремовци (1 к.) доселени се од селото Раовиќ, таму имале истоимени роднини; Рустемовци (6 к.) потекнуваат од предок христијанин кој овде се доселил кон средината на XIX век. Основачот на овој род говорел македонски, но поради мешање со албанското население овој род се смета за албански. Основачот на родот овде дошол како слуга кај Шкека, и затоа населението на овој род истакнува за роднински врски со родот Шкека.[16]
Културни и природни знаменитости
Црквата „Св. Андреја“ во близина на МаткаЦрквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка
Во близина на самото село се наоѓа и кањонот Матка, на кој е изградена вештачката акумулација на реката Треска, и е добиено езерото Матка. Кањонот изобилува со надводни и подводни пештери. Постојат и неколку цркви од кои најзначајна е црквата „Св. Андреjа“.
Цркви и манастири
Во непосредната околина на селото постојат повеќе црковни храмови изградени во средновековниот период, поточно во XIII и XIV век.
↑Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.503
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“