Свети Илија — главната селска црква во тетовското село Стенче. Изградена била во 1867 година[1]. Во црквата се наоѓаат 4 оригинални икони на Дичо Зограф („Исус Христос Вседржател“, „ Богородица Одигитрија“, „Св. Јован Претеча“ и „Вознесение на св. Илија“) насликани во 1866 година.[2] Иконите во 2001 година биле дадени на конзервирање во Заводот за заштита на споменици на културата, но кога иконите биле вратени, селаните го обвиниле тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕВојо Михајловски за кражба на истите, кои наводно биле заменети со копии[3]. После овој настан вратени се уште други 4 икони („Св. Петар и Павле“, „Св. маченици Меркурие и Екатерина“, „Три ерарха (св. Григориј Богослов, св. Јован Златоуст и св. Василиј Велики“) и „Св. Петка и Св. Недела“, но биле дело на Аврам, синот на Дичо Зограф. Црквата била и цел на кражби.[4]