Персиски јазик
Персиски јазик (фарси или парси) (فارسی, [fɒːɾˈsiː]) — индоевропски јазик кој се зборува во Иран, Авганистан и Таџикистан, и од малцинства во Узбекистан, Туркменистан, Азербејџан, и земји како Бахреин, Катар и Кувајт, но и на други места. Води потекло од јазикот на древните персијци. Дел е од иранската гранка на индоевропското јазично семејство. Персискиот јазик и неговите варијанти се службени јазици во Иран, Авганистан и Таџикистан. Според Книга на светски факти на ЦИА, засновано на стари податоци, персискиот е мајчин јазик на околу 62 милиони луѓе во Иран,[2] Авганистан,[3] Таџикистан[4] и Узбекистан[5] и уште толку луѓе во остатокот од светот. Од УНЕСКО е побарано во 2006 да го избере персискиот како еден од неговите службени јазици.[6] Персискиот уште одамна бил медиум за книжевни и научни придонеси кон Исламскиот свет како и на запад. Има влијание врз извесни соседни јазици, особено на туркиските јазици од Средна Азија, Кавказ и Анадолија. Помало влијание има и врз арапскиот и другите месопотамски јазици. Пет века пред британската колонизација, персискиот јазик бил нашироко користен како втор јазик на Индискиот Потконтинент; бил важен како јазикот на културата и образованието во неколку муслимански дворови во Индија и станал „официјален“ за време на могулските цареви. Англискиот на потконтинентот почнал деловно да се употребува дури во 1843.[7] Како доказ за историското влијание наперискиот јазик во регионот ја гледаме во мерата на неговото влијание врз хиндустанскиот јазик (резултирајќи во урду), маратскиот, пенџапскиот, синдскиот и гуџаратскиот, како и популарноста која персиската книжевност сѐ уште ја ужива во регионот. Покрај ова, мал број на говорницина персиски (главно дарски и таџички дијалекти) можеме да најдеме во урбаните и западни загорја во Пакистан. КласификацијаПерсискиот ѝ припаѓа на западната група на индоиранската гранка на индоевропското јазично семејство, и е од типот Подмет Прирок Глагол. Ова не е семитски јазик. Западната индоиранска група содржи сродни јазици како курдскиот и белучкиот. Јазикот ѝ припаѓа на југозападната индоиранска група, заедно со татскиот и лурскиот јазик.[8] ![]() Дијалекти и блиски јазици
Постојат три денешни наречја на стандардиот персиски јазик:
Овие три наречја се засноваат на класичната персиска книжевност. Постојат и неколку локални дијалекти во Иран, Авганистан и Таџикистан кои само по малку се разликуваат од стандардниот персиски. ларскиот (во Иран), хазарашкиот (во Авганистан), и дарваскиот (во Авганстан и Таџикистан) се такви примери. Етнолог нуди друга класификација на дијалектите на персискиот јазик. Според овој извор, тие се следниве:[11]
Ова се сродни јазици на разни етноси во рамките на границите на денешен Иран:
ФонологијаИранскиот персиски јазик има 6 самогласки 23 согласки, меѓу кои и две струјни /ʧ/ (ч) и /ʤ/ (џ). Самогласки![]() Историски, персискиот разликувал должина: долги самогласки - /iː/, /uː/, /ɒː/ за разлика од кратки самогласки - /e/, /o/, /æ/. Персиските дијалекти се разликуваат по самогласките, повеќе отколку по согласките. Согласки
(Кога знаците се во парови, десниот е звучна согласка. Алофоните се во фонетски загради.) ГраматикаМорфологијаВо персиската морфологија доминираат наставките, а има и мал прој на претставки.[12] Глаголите може да изразуваат време и глаголски вид, и се менуваат според подметот, лицето и бројот.[13] Не постојат родови за именките, нити пак заменките имаат природен род. СинтаксаНормалните исказни реченици се структуирани: „Подмет Предлог Предлог Прирок Глагол“. Ова значли дека речениците може да имаат изборен подмет, предлошки изрази, и прирок, проследени од задолжителен глагол. Ако прирокот е конкретен, тогаш е проследен од зборот rɑ: и им претходи на предлошки изрази: “Подмет Прирок + “rɑ:”) (Предлог Предлог) Глагол”.[13] ЛексикаПостојат многу заемки во персискиот јазик, главно од арапскиот, но и од англискиот, францускиот, германскиот, и од туркиските јазици. Персискиот има влијание врз лексиките на други јазици, особено индоиранските јазици како хинди и урду, туркиските јазици како турскиот и узбечкиот, а и арапскиот.[14] Под негово влијание се и неколку јазици од југозападна Азија, како ерменскиот и грузискиот. Персискиот имал влијание дури и врз малајскиот јазик, а многу персиски зборови се влезени и во англискиот. Во македонскиот персиските зборови дошле главно преку турскиот за време на отоманската империја. ЗборообразбаПерсискиот е многу моќен во зборообразбата и сестран во начините на градење на зборот, комбинирајќи афикси, основи, именки и придавки. Јазикот често употребува аглутинација за формирање на нови зборови од именки, придавки и глаголски основи. Нови зборови се формираат во голема мера, со помош на сложенки од два постоечки збора во еден нов, како кај германскиот. Како што покажал професорот Махмуд Хесаби[15], само со изведување персискиот може да има 226 милиони зборови. Еве пример за група зборови изведени од основа во сегашно време комбинирани со некои постоечки афикси:
Еве пример за зборови изведени од основа во минато време комбинирана со некои постоечки афикси:
Правопис![]() Совцремениот ирански и дарски персиски текст се пишува со арабица. Во последно време латиницата се користи од извесни технолошки и интернационализациони причини. Таџичкиот, кој некои го сметаат за персиски дијалект со влијанија од рускиот и туркиските јазици од средна Азија,[16][17] се пишува со кирилица во Таџикистан (видете таџичка азбука). Персиска азбукаСовремениот ирански и дарски персиски јазик се пишуваат со изменета варијанта на арабицата (видете персоарапско писмо) со поинакви и изговори и повеќе букви, додека пак таџичкиот се пишува со кирилица. По исламизацијата на Персија (видете Исламско освојување на Персија), требало некои 150 години пред персијците да ја земат арабицата на место на старата азбука. Пред тоа се користеле две различни азбуки, една за средноперсиски и една за авестански, за верски потреби, позната како авестанска азбука. Во современото персиско писмо, кратките самогласки (a, e, o) обично не се пишуваат; во текстовите се напишани само долгите самогласки (y, u, â). Ова, се разбира, создава извесни нејаснотии. Еве пример: зборовите керм „црв“, карам „великодушност“, керем „крем“, и кром „хром“ сите се пишуваат со „крм“. Читателот мора да го одреди зборот од контекстот. Арапските знаци за вокализација (харакат) се користат и во персискиот (некои знаци се читаат различно), но ова не помага. На пример, арапскиот знак дама се изговара како /у/, додека во иранскиот персиски се изговара како /о/. Овој систем не се користи во матичната персиска книжевност; главно се користи за учење на јазикот и во некои (но не сите) речници. Постојат и неколку букви кои персијците ги сметаат за 'арапски' иако тие си постојат во персиското писмо. Додека овие постојат, обично не се изговараат по арапски. Наместо тоа, се изговараат како ним слични персиски букви. Така имаме три функционално идентички букви 'з', три букви 'с', две букви 'т' итн. Арапските букви се користат само ако зборот е позајмен од арапскиот јазик. ДодатоциПерсиската азбука има додадено четири букви на арабицата:
ВаријацииПерсиската азбука исто така модифицира некои арапски букви. На пример, алеф со хамза под него ( إ ) се менува во алеф ( ا ); зборовите кои користат варијанти на хамзи се пишуваат пак со друга хамза (така што مسؤول станува مسئول); и те марбута ( ة ) обично, но не секогаш, се менува во хе ( ه ) или те ( ت ). Те марбута често се користи во арапскиот за означување на женски род. Персиските именки немаат родови, па затоа те марбута никогаш не се појавила во персиското писмо. Буквите кои се разликуваат по облик се:
Пишувањето на буквите во нивната првична арапска форма не се смета за неточно, но обично тоа не се практикува. ЛатиницаУниПерс, крат. од Универзална персиска азбука (Порсије Џехони) е латинична азбука популаризирана од Мухамед Кејван, кој ја има користено за разни персиски учебници за странци и туристи. Друга латинична азбука, заснована на еднообразната турска азбука се користела во таџикистан во 1920-тите и 1930-тите. Во доцните 1930-ти била исфрлена и почнала да се користи кирилицата.[16] Таџичка азбука![]() Кирилица била воведена за пишување на таџичкиот јазик за време на Таџикистанската ССР во доцните 1930-ти, заменувајќи ја латиницата која се користела од времето на Октомвриската револуција, а пред тоа се користела персоарапската азбука. По 1939, материјалите напишани со персиско и персоарапско писмо биле забранети.[16] Македонска транскрипцијаИсторијаПерискиот е ирански јазик кој ѝ припаѓа на индоиранската гранка на индоевропското јазично семејство. Најстарите записи на старопериски јазик датираат од големото Периско царство во VI век п.н.е.[18] Познатата историја на персискиот јазик може да се подели на три посебни периода: СтароперсискиСтароперсискиот еволуирал од протоиранскиот јазик како што самиот еволуирал во југозападната Иранска Висорамнина. Најраниот измерлив пример за јазикот го наоѓаме на Бехистунскиот натипис на Ахеменидите Дариј I (влад. 522 п.н.е. - ц. 486 п.н.е). Староперсискиот се пишувал со староперсиско клинесто писмо, кое е уникатно писмо и се мисли дека е измислено за време на владеењето на Дариј I По арамејскиот јазик, или поточно неговата ахеменидска форма наречена „царски арамејски“, староперсискиот е најчесто среќаван јазик на Ахеменидите. Додека примерите за него се среќаваат низ сите територии на Ахеменидското Царство, за самиот јазик сведочат примери најдени во западен Иран, особено во покраината Фарс „Персија“ на југозапад, татковината на родовите од кои настанале Ахеменидите (а потоа и Сасанидите). За разлика од подоцнежниот периски јазик, староперсискиот имал мошне флексивна граматика, со осум падежи, со тоа што секоја деклинација подлежела на род - машки, женски, среден - и број - еднина, множина, двоина. СредноперсискиЗа разлика од староперсискиот, чии пишани и зборувани форми биле драстично различни една од друга, пишаниот среднопериски јазик рефлектира усмена употреба, и така бил многу поедноставен од него. Комплексните коњугации и деклинации на староперсискиот сега се замениле со поедноставна внатрешна структура на средноперсискиот; двоината исчезнала, оставајќи ги само еднината и множината, а исчезнал и родот. Наместо ова средноперискиот користел предлози за да ги назначи различните улоги на зборовите, како на пример наставката -и за присвојност „од/на“ наместо повеќеобразните (зависно од род и број) генитивни форми на зборот. Иако „средниот период“ на иранските јазици формално започнува со падот на Ахеменидското Царство, преодот од стариот кон средниот персиски јазик веројатно веќе започнал во IV век п.н.е. Меѓутоа за средноперискиот немаме сведоштва сѐ до 600 години подоцна кога се јавува на натписи од сасаниско време (224 - 651), така што секоја форма на јазикот пред тоа не може да се опише со сигурност. Порај ова, како книжевен јазик, средноперискиот се јавува дури во VI или VII век. Од VIII век натаму, средноперсискиот полека почнал да се заменува со новоперсиски, со тоа што средноперсискиот продолжил да живее само во зороастриската традиција. Локалниот назив на средноперсискиот бил парсик, по етничката група на југозапад наречена парси", додека староперсискиот се нарекувал парса, а новоперсискиот фарс. Ова е потеклото на денешниот назив на јазикот. По распадот на сасанидксата држава, парсик се применувал само за (средниот или новиот) персиски кој се пишувал со арабица. Од ~ IX век натаму, кога средноперсискиот бил на граница да стане новоперсиски, постарата форма на јазикот почнала грешно да се нарекува пахлевиски, кое е всушност едно од писмата за пишување на средноперсискиот и други средни ирански јазици. Тоа писмо претходно го зеле Сасанидите (југозападни персијци) од претходните Арсакиди (партијци од североисток). Додека Абдула Ибн ел-Мукафа во VIII век сѐ уште разликувал помеѓу пахлевиски (т.е. партиски) и фарси (т.е. средноперсиски), оваа разлика ја нема во арапските коментари по ова доба. Современ персискиРанонововековен персискиКласичен персискиИсламското освојување на Персија ја одбележува современата историја на персискиот јазик и книжевност. Ова доба е познато како Златното доба на персискиот јазик. Во ова време живееле и твореле светски познати писатели, додека персискиот бил лингва франка на источните делови на исламскиот свет и Индискиот Потконтинент. Бил и официјален и културен јазик на многу исламски династии како Саманидите, Могулското царство, Тимуридите, Газнавидите, Селџуциѕр, Сефевидите, Отоманците и др. Големото влијание на персискиот врз други јазици сѐ уште може да се види во исламскиот свет, особено, како почитуван книжевен и престижен јазик меѓу образованата елита, особено во полето на музиката (на пр. кавали) и уметноста (персиска книжевност). По арапската инвазија на Персија, персискиот почнал да зајмува многу зборови и структури од арапскиот, и како што минувало времето, некои зборови биле земени и од монголскиот за време на нивното царство. Современ персискиОд XIX век, рускиот, францускиот и англискиот како и многу други јазици придонеле кон техничкиот лексикон на персискиот јазик. Националната Академија на персискиот јазик и книжевност е одговорна за оценувањ на новите зборови за да даде совет за нивните персиски еквиваленти. Самиот јазик се има развиено во голема мера низ вековите. Заради технолошкиот развој, во персискиот доаѓаат нови зборови и идиоми. Пример
Поврзано
Белешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia