Алермее
Алермее е кварт во округот Бергедорф на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија. Квартот се состои од рурална област и старата населба Алермее, како и новото соседство Ној-Алермее Запад, кој е развојна зона на неколку агенции на Хамбург и округот Бергедорф. ИсторијаВо 1410, покраината Хамбург го населила Landherrenschaft Bill- und Ochsenwerder. Населбата Алермее припаѓала на ова рурално село. Во 1997 започнало планирање за потполно ново соседство. Од 1982 до 1994 биле изградени повеќе од 3.800 станоци, создавајќи го соседството Ној-Алермее Запад (Neu-Allermöhe West). ГеографијаВо 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холшајн, квартот Алермее имал вкупна површина од 11,9 км2. ДемографијаВо 2006 во квартот Алермее живееле 15.143 луѓе. Густината на населеност била 1.275 км2. 27,9% биле деца под 18 години, а 6,7% имале 65 или повеќе години. 14,8% биле странци. 932 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999 имало 4.243 домаќинства од кои 41,7% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 17,3% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,79.[2] Население по години[1]
Во 2006 се случилче 1.417 кривични дела (94 дела на 1.000 жители).[3] Постојат 3 основни и 4 средни училишта во квартот Алермее, како и 6 доктори во приватни ординации и 1 аптека.[4] Ној-Алермее ЗападВо 2005, во соседството живееле 12.360 жители на површина од 3,4 км2. Густината на населеност била 3.593 жители на км2. 31,3% биле деца под 18 години, а 3,8% имале 65 или повеќе години. 16,2% имале странско потекло.[5] Сообраќај![]() Јавниот превоз е обезбеден со автобуси и железничкиот систем на С-Железницата преку станицата Алермее. Излезите Хамбург-Алермее и Хамбург-Нојалермее Запад на автопатот А25 се наоѓаат во Алермее, поврзувајќи југозападен Хамбург со Гестхахт. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 5.308 приватни возила (355 автомобили/1000 луѓе).[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia