Винтерхуде
Винтерхуде е квартер во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија. ИсторијаВинтерхуде бил првпат споменат во 13-от век,[1] но археолошките откритија на предмети, оружја и гробници потекнуваат од 1700 п.н.е. и 700 п.н.е..[2] Во текот на Втората светска војна, пристаништето Хамбург и со тоа Винтерхуде биле цели на воздушните напади, на т.н. Операција Гомора. ГеографијаВо 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Винтерхуде имал вкупна површина од 7,6 км2. На север е квартот Алстердорф, а квартот Бармбек-Норд е на исток. На запад се квартовите Епендорф и Харфештехуде и на југ се Уленхорст и Бармбек-Зид. Во Винтерхуде е градскиот парк на Хамбург (Hamburger Stadtpark). ДемографијаВо 2007, населението во квартот Винтерхуде било 48.799. Густината на население била 6.439 жители на км2. 10,6% биле деца под 18 години, а 15% имале 65 или повеќе години. 11,8% биле имигранти. 1.684 лица биле регистрирани како невработени.[3] Во 1999, имало 31.732 домаќинства, а 60,4% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинствата била 1,61.[4] Население по години
Во 2007, имало 4.622 кривични дела (95 дела на 1.000 луѓе).[7] ОбразованиеВо 2006, имало 6 основни и 3 средни училишта во квартот Винтерхуде со 3.959 ученици.[8] Инфраструктура![]() ![]() Во 1956, основан е генералниот конзулат на Република Индонезија, кој се наоѓа во овој кварт.[9] Генералниот конзулат на Исламската Република Иран бил основан во 1858 и исто така се наоѓа во улицата Bebelallee.[10] Здравствен системБолницата Israelitisches Krankenhaus има 180 кревети.[11] Имало 32 дневни центри за деца, 156 лекари во приватни ординации и 16 аптеки.[7] СообраќајВинтерхуде е поврзан со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици: Sierichstraße, Borgweg и Saarlandstraße (линија У3), Hudtwalkerstraße и Lattenkamp (линија У1). Според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Винтерхуде биле регистрирани 15.992 приватни возила (328 возила/1000 луѓе).[7] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia