Хамбург-Мите
Хамбург-Мите (буквално: Хамбург-Центар) се наоѓа во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Германија е еден од седумте окрузи на Хамбург, покривајќи го поголемиот дел од урбаниот центар на градот Хамбург. Квартовите Хамбург-Алтштат (буквално: Хамбург-Стар град) и Нојштат (буквално: Нов град) се историските јадра на Хамбург. Историја![]() Во 1937 неколку населби (н.п. Финкенвердер), села и рурални области се припоиле кон Хамбург, по влегувањето во сила на Законот за голем Хамбург. На 1 март 2008, поради законот во Хамбург,[1], квартот Вилхелмсбург бил преместен од округот Харбург. Соседството Хафен Сити било создадено од делови на квартовите Клостертор, Алтштат и Ротенбургсорт. Другиот дел на Клостертор бил припоен кон Хамерброк. Од мали делови на округот Хамбург-Мите (и Алтона и Ајмсбител) соседството Штерншанце било создадено како кварт во округот Алтона. ГеографијаОкругот го прекинува Хамбург од исток кон запад. Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, Хамбург-Мите имал вкупна површина од 107,1 км2. Се состои од квартовите Билброк, Билштет, Боргфелде, Финкенвердер, Хафен Сити, Хамбург-Алтштат, Хам-Норд, Хам-Мите, Хам-Зид, Хамерброк, Хорн, Клајнер Грасброк, Нојштат, Нојверк, Ротенбургсорт, Занкт Георг, Занкт Паули, Штајнвердер, Федел, Валтерсхоф и Вилхелмсбург. ДемографијаВо 2006, во округот живееле 233.144 луѓе. Густината на населеност била 2.177 жители на км2. 14,9% биле деца под 18 години, а 15,6% имале 65 или повеќе години. 43% биле со имигрантско потекло[2]. 17.550 лица биле регистрирани како невработени.[3] Во 1999, имало 126.753 домаќинства од кои 17,9% имале деца под 18 години кои живееле со нив, а 52,4% од сите домаќинства биле составени од еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,83.[4] Население по години[3]
Во 2006, имало 71.559 кривични дела во округот (307 дела на 1000 жители).[5] Окружен парламентСимултано со изборите за покраинскиот парламент (Bürgerschaft), се избира и Bezirksversammlung како тело на претставници на граѓаните. Се состои од 53 претставници. ИзбориИзборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Четири партии, кои имале над 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за избори) се социјалдемократската SPD, конзервативната CDU, еколошката Зелена партија (GAL) и левата Die Linke. Либералната FDP имала 2 директно избрани претставници.[6] ![]()
ОбразованиеОкругот има 31 основно училиште и 31 средно училите.[7] Култура![]() РекреацијаPlanten un Blomen (Растенија и цвеќиња) е парк, кој се наоѓа во квартовите Занкт Паули и Нојштат. Во квартот Билштет се наоѓа Ејендорфското Езеро. ЕкономијаОбјектите на пристаништето Хамбург главно се наоѓаат во квартовите Клајнер Грасброк, Штајнвердер, Федел и Вилхелмсбург. ИнфраструктураГлавната локална канцеларија (Bezirksamt Hamburg-Mitte) се наоѓа на улицата Клостервал и има уште други 4 локални бироа, наречени Customer Centre Hamburg-Mitte, Customer Centre Billstedt, Customer Centre St. Pauli и Customer Centre Wilhelmsburg. Бироата се одговорни меѓудругото за пријавување на жителите поради студирање или работа по влегувањето во државата. Здравствен системИма 125 дневни центри за деца и 536 лекари во приватни ординации и 72 аптеки.[7] Asklepios Klinik St. Georg, која се наоѓа во квартот Занкт Георг, е главната болница во Хамбург-Мите. СообраќајОкругот е опслужуван од железничкиот систем на градските возови и подземната железница со неколку станици. Централната станица Hamburg Hauptbahnhof е исто така железничка станица за возови на подолги одредишта на германската железничка компанија. Според секторо на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Хамбург-Мите биле регистрирани 66.381 приватно возила (290 возила на 1000 жители).[7] Имало вкупно 2.432 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 1.905 со жртви.[8] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia