Клајнер Грасброк
Клајнер Грасброк е кварт (Stadtteil) на Хамбург, Германија во рамките на округот (Bezirk) Хамбург-Мите. Се наоѓа на истоимениот остров помеѓу северните и јужните разграноци на реката Елба (Norderelbe и Süderelbe), заедно со другите квартови Штајнвердер, Федел и Вилхелмсбург. Скоро потполно се состои од објекти на Хамбуршкото пристаниште. Четирите квартови технички сите се квартови, но се разделени со нивни посебни брани. ИсторијаСе верува дека гусарот Клаус Штертебекер бил обезглавен на островот Грасброк во 1400 или 1401. Во текот на Втората светска војна пристаништето Хамбург, а со тоа и Клајнер Грасброк биле цели на воздушните напади во т.н. Операција Гомора. Од средината на јули 1944 до октомври 1945, подкампот Десауер Уфер на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во квартот.[1] Ноќта од 16 февруари до 17 февруари 1962, островот бил целосно поплавен и сериозно оштетен од поплавите на Северното Море. ГеографијаВо 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, кварто Клајнер Грасброк имал вкупна површина од 4,5 км2. Клајнер Грасброк се граничи на север со квартот Хафен Сити. На исток е квартот Федел, а на запад квартот Штајнвердер. На југ е квартот Вилхелмсбург. ДемографијаВо 2006, Клајнер Грасброк имал 1.219 жители. Густината на населеност била 274 жители на км2. 12,7% од населението биле деца под 18 години,а 8% имале 65 години или повеќе. 55,9% биле странци. 137 лица биле пријавени како невработени.[2] Во 1999, имало 694 домаќинства од кои 21,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 47,7% од сите домаќинства се составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 1,95.[3] Население по години[2]
Во 2006, имало 334 кривични дела (274 дела на 1.000 луѓе).[4] Економија![]() ![]() Делови на пристаништето во Хамбург се наоѓаат во квартот Клајнер Грасброк. ИнфраструктураВо квартот нема училишта, ниту лекари, ниту пак аптеки.[5] СообраќајСпоред секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 113 приватни возила (93 возила на 1000 лица).[5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia