Нојграбен-Фишбек
Нојграбен-Фишбек е кварт на Хамбург, Германија, кој припаѓа на округот Харбург. Квартот се состои од старите населби Нојграбен и Фишбек и неодамна изградената зона Нојвидентал. Историја![]() Историја на ФишбекФишбек бил првпат споменат во 1544 како Vischbecke. Во 1937, независното село Фишбек било припоено кон Хамбург[1]. Историја на Нојграбен![]() Во 1937, независното село Нојграбен било припоено кон Хамбург[1]. Подкамп НојграбенВо Нојграбен се наоѓал подкамп на нацистистичкиот концентрационен логор Нојенгаме.[2] На 13 септември 1944, бил отворен женски подкамп во Фалкенбергвег. 500 чешко-еврејски жени, кои дошле од Гето Терезинштат биле депортирани од Аушвиц. SS во Аушвиц ги избирал жените за работа во Хамбург. Во кампот Нојграбен, работата била градба на помошни домови, исто така цевки за водоснабдување и градење на улици во населбата Фалкенбергзидлунг. Во текот на последните месеци на Втората светска војна некои од жените морале да работата во нафтената индустрија Харбург и да копаат противтенковски пречки во Хамбург-Хаусбрух. Во февруари 1945, СС ги пренел жените во кампот Хамбург-Тифстак, а подоцна оттаму во Берген-Белзен.[3] ГеографијаНојграбен-Фишбек е југоисточно од квартот Нојенфелде, на североисток е Франкоп, на исток е квартот Хаусбрух. На југ е округот Харбург во германскаа покраина Долна Саксонија. Голем дел од квартот е природен резерват Harburger Berge (Харбуршки ридови) во јужниот дел. Нојграбен-Фишбек е мешавина на рурална и субурбана површина од 22,5 км2. Во Нојграбен-Фишбек е највисоката точка на Хамбург, Хаселбрак, која достигнува 116,2 метри надморска височина[4] ДемографијаВо 2006, во квартот Нојграбен-Фишбек живееле 27.103 луѓе. Густината на население била 1.204 жители на еден километар квадратен. 19% биле деца под 18, а 21,4% имале 65 години или повеќе. Странски жители биле 10,1% од населението. 1.644 луѓе биле регистрирани како невработени.[5] Во 1999, имало 12.170 домаќинства, од кои 27,9% имале деца под 18, кои живееле со нив и 30,5% од сите домаќинства биле сочинети само од еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,31.[6] Население по години[5]
ИнфраструктураСообраќајНојграбен-Фишбек е опслужуван од системот на надземната железница на градските возови преку станиците Нојграбен и Фишбек.[7] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia