Алтона-Норд
Алтона-Норд (германски: Altona-Nord) се наоѓа во округот Алтона во градот Хамбург, Германија и е еден од 105 квартови на Хамбург. ГеографијаСпоред статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот има вкупна површина од 2,2 км2. ДемографијаВо 2006, во квартот Алтона-Норд живееле 21.406 луѓе. 15,1% биле деца под 18 години, а 9,8% имале 65 или повеќе години. 22,9% биле странци. 1.689 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999, 55,1% од сите домаќинства биле составени од поединци.[2] Население по години [1]
Во 2006, се случиле 3.314 кривично дело (155 дела на 1.000 луѓе).[3] ОбразованиеВо 2006, имало 2 основни и 4 средни училишта во Алтона-Норд.[4] Економија![]() Holsten Brewery plc. се наоѓа во квартот. ИнфраструктураЗдравствен систем23 лекари во приватни ординадии и 4 аптеки биле регистрирани во 2006.[4] СообраќајАлтона-Норд е опслужуван со системот на железничкиот сообраќај на градските возови преку станиците Холстенштрасе и Дибстајх. Според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Алтона-Норд биле регистрирани 5.682 приватни возила (269 возила на 1.000 луѓе).[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia