Алстердорф
Алстердорф е кварт во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија. Името води потекло од реката Алстер, која подоцна била заградена во две езера Аусеналстер и Биненалстер во центарот на Хамбург. ИсторијаОколу 1803, населбата станала имот на Хамбург. Географија![]() Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Алстердорф имал вкупна површина од 3,1 км2. Реката Алстер рече од североисток кон југозапад е границата со квартот Грос Борстел на запад. На југ Алстердорф се граничи со квартот Винтерхуде. На исток е квартот Олсдорф. Делови од големите гробишта Олсдорф (Ohlsdorfer Friedhof (германски)) припаѓаат на квартот Алстердорф. ДемографијаВо 2006, во квартот Алстердорф живееле 12.955 луѓе. Густината на населението била 4.232 жители на км2. 14,2% биле деца под 18 години, а 20,2% имале 65 или повеќе години. 11,6% биле странски жители. 467 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999, имало 6.508 домаќинства од кои 15,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 54,4% од сите домаќинства биле сочинети од еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,77.[2] Население по години [1]
Во 2006, имало 1.283 кривични дела (99 дела на 1.000 луѓе).[3] Има едно 1 основно и 2 средни училишта во квартот Алстердорф и 30 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.[4] СпортДо отворањето на O2 World (Хамбург) во 2002, Алстердорфер Шпортхале била најголемата затворена спортска сала во Хамбург, служејќи и како место за концерти, саеми и други манифестации. Сообраќај![]() Алстердорф е поврзан со железничкиот систем на подземната железница. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 4.847 приватни возила (377 возила/1000 луѓе).[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia