Хамбург-Норд
Хамбург-Норд (приближен превод: Хамбург-Север) е еден од седумте окрузи на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, во северозападна Германија. Во 2006, според бирото за регистрација на граѓаните имало 280.229 луѓе на површина од 57,5 км2. ГеографијаХамбург-Норд е јужно од покраината Шлезвиг-Холштајн, источно од округот Вандсбек, северно од округот Хамбург-Мите и западно од округот Алтона. Хамбург-Норд се состои од квартовите Алстердорф, Бармбек-Норд, Бармбек-Зид, Дулсберг, Епендорф, Фулсбител, Грос Борстел, Хоелуфт-Ост, Хоенфелде, Лангенхорн, Олсдорф, Уленхорст и Винтерхуде. Округот има површина од 57,5 км2.[1] ДемографијаИмало 280.229 луѓе, кои живеат во округот.[2] Густината на население била 4.838 граѓани на км2. 12% биле деца под 18 години, а 17,8% имале 65 години или повеќе.[3] Во 2006, имало 31.617 кривични дела во округот (113 дела на 1000 луѓе).[4] Окружен парламентСимултано со изборите за покраинскиот парламент (Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избран како претставник на граѓаните. Се состои од 51 претставник. ИзбориИзборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Пет партии имале над 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за квалификување) се конзервативната ЦДУ, социјалдемократската СПД, еколошката зелена партија (ГАЛ), левата Ди Линке и либералната Слободна демократска партија (ФДП).[5] ![]()
ЕкономијаHamburg International, авиопревозник има седиште во округот.[6] ОбразованиеОкругот има 30 основни улилишта и 26 средни училишта.[7] ИнфраструктураЗдравствен системНеколку болници се наоѓаат во округот Хамбург-Норд, меѓу другите и универзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф (UKE), Мартинштрасе 52, во квартот Епендорф, со 1.369 кревети и 109 дневни места во 21 оддел. UKE е општа болница и универзитетска болница на Универзитетот Хамбург и обезбедува капацитет за давање на итни услуги.[8] Болницата Асклепиос Клиник Норд со неговите оддели Хајдберг и Оксецол се наоѓа во квартот Лангенхорн. Таа е општа болница и обезбедува капацитет за давање на итни услуги. Делот Оксенцол е исто така специјализиран за псијатриски проблеми. Болницата Асклепиос Клиник Бармбек е исто така општа болница. Болницата Бетанин, Мартинштрасе 41-49, е специјализирана за дијабетски болести со 20 дневни места за геријатриски случаи.[9] Има 154 дневни центри за деца и 733 лекари во приватни ординации и 92 аптеки.[7] СообраќајОкругот е опслужуван со железничкиот систем на подземната железница и градските возови преку неколку станици. Постојат и неколку излези за А7. Според, секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Хамбург-Норд имало регистрирани 99.440 приватни возила (359 возила/1000 луѓе).[7] Биле направени 1.733 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 1.420 несреќи со жртви.[10] Аеродромот Хамбург се наоѓа во квартот Фулсбител. Знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia