Алтенгаме
![]() Алтенгаме се наоѓа во округот Бергедорф на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија. Квартот е претежно рурален и се наоѓа на десниот брег на реката Елба. Алтенгаме е најисточниот дел на Хамбург. ГеографијаКвартот има вкупна површина од 15,6 км2. Квартот се состои од населбите Алтенгаме и Боргхорст и околните земјоделски фарми. Западната граница е со квартовите Курслак и Нојенгаме, со реката Дофе Елба како нејзина граница. На исток и север е покраината Шлезвиг-Холштајн со округот Лауенбург. На југ со реката Елба е границата со Долна Саксонија со округот Харбург. ДемографијаГустината на населеност била 141 жител на км2}. 19,3% биле деца под 18 години, а 19,7% имале 65 или повеќе години. 1,9% биле странци. 43 лица биле регистрирани како невработени.[1] ![]() Во 1999, постоеле 854 домаќинства, од кои 30% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 21,3% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,5.[2] Во 2006, имало 52 кривични дела (24 дела на 1000 луѓе).[3] Население по годиниНаселение се брои од службата за пријавување граѓани на 31 декември секоја година.[1]
ОбразованиеИмало 1 основно и ниту едно средно училиште во квартот Алтенгаме.[4] ИнфраструктураЗдравствен системВо Алтенгаме има 1 градинка за деца и исто така 3 лекари во приватни ординации и нема ниту една аптека.[4] СообраќајАлтенгаме не е опслужуван со железничкиот систем на градските возови или подземната железница. Јавниот превоз е обезбедуван со автобуси. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 1.185 приватни возила (539 возила/1000 луѓе).[4] Имало вкупно 5 сообраќајни несреќи, сите 5 со жртви.[5] Наводи
Додатна литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia