Епендорф (Хамбург)
Епендорф е еден од тринаесетте квартови на округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија и се наоѓа северно од Аусеналстер. ИсторијаЕпендорф, првпат именуван како Eppenthorp во 1140, е најстарото хамбуршко село. Нејзиното потекнува од старогерманското epen (на вода) или од личното име Ebbo/Eppo. Можно е, но е неверојатно дека е именуван по Ебо, надбискупот на Рем. Во текот на обновата на црквата Свети Јоханис, која првпат била спомената во 1267, биле откриени постари темели. Во 19-от век, Епендорф стекнал популарност помеѓу влијателните луѓе во Хамбург. Ниско поставената, мочуришна земја била заградена и на нејзе се градело подоцна. Преостанатите области биле ставени под заштита на природата во 1982. In 1894, Eppendorf was transferred to Hamburg. ГеографијаВо 2007, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Епендорф имал површина од 2,7 км2. Каналот Изебек се влева во Алстер во Епендорф. Паркови
СообраќајЕпендорф има станица на U-Bahn, Kellinghusenstraße, која е станица помеѓу линиите У1 и У3. Неколку автобуски линии се сретнуваат на Eppendorfer Marktplatz. ИнфраструктураУниверзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф (Universitätsklinikum Hamburg-Eppendorf) бил изграден во 1879, а основан во 1884. Станал универзитетски медицински центар од 1934. КултураТеатарот Lustspielhaus се наоѓа во Епендорф, кој бил кабаре-театар, Кабаре Mon Marthe. Музеј посветен на животот на Ернст Телман се наоѓа во Tarpenbekstraße. Месечното списание околу квартот, Der Eppendorfer се издава од локалното здружение (Eppendorfer Bürgerverein). Образование
Луѓе
НаводиДодатна литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia