Драгомирци или Драгомир (грчки: Βαφιοχώρι, Вафиохори; до 1928 г. Δραγομίρ, Драгомир[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 484 жители (2021). Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци.[3]
Географија
Селото се наоѓа на 22 км западно од Кукуш и 10 км источно од Ругуновец.
Историја
На 2 км северно од селото е откриена населба од бронзеното време, прогласено за заштитен споменик во 1987 г.[4]
Во Отоманското Царство
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото е изградена во 1806 г.[5]
На крајот од ХІХ век селото било чифлик на еврејскиот банкар Саул Модијано од Солун. Во 1904 г. го закупиле под наем селото од Модијано за 7 години, но пред да истече рокот, го откупиле засекогаш.[8]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Драгомирци се состоело од 140 македонски куќи.[11]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Населението значително настрадало од грчката војска во овие војни, и највеќето семејства пребегале во Струмичко, каде живеат и денес.[3] Таа година населението се намалило на 129 жители, но властите довеле 40 македонски гркомански семејства од Струмица[12] или Струмичко.[3] Во 1920 г. селото се води со 224 жители.[3] Гркоманските семејства набргу се вратиле во Струмичко, а 40 лица од преостанатите староседелски семејства биле прогонети во Бугарија. На нивно место власта довела Грци од Источна Румелија (Бугарија). Во 1928 г. селото е заведено како мештанско-дојденско со 596 жители,[3] од кои 478 лица (117 семејства) биле Грци дојденци, а останатите биле македонски староседелци кои не се иселиле.[13]
Месности во Драгомирци преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 160–161. ISBN954-8187-21-3.