Оризарци или Челтик (грчки: Ρύζια, Ризија; до 1926 г. Ορύζαρτση, Оризарци[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 333 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]
Во османлиските дефетери на немуслиманското население на Ениџевардаската каза од 1632-33 г. селото е заведено под името Челтјукчијан со 45 даночно обврзани домаќинства.[4]
На австроунгарската воена карта селото е означено како Челтик (Čeltik),[8] а на картата на Кондојанис се води како Оризарци (Ορυζάρτσι), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Оризарци (Οριζάρτσι) било село со 20 христијански семејства.[9]
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„
Оризарци (Челтик), 20 /III, 1 ч. од Бабаќово. Вкупно 72 македонски[11] куќи: 50 егзархиски и 12 патријаршиски. Последните станале гркомани минатата година. Се занимаваат со земјоделство и бубарство. Црквата има 3 погона ниви.[12]
“
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Оризарци било речиси целосно чифлигарско село со 81 семејство сочинето од 452 жители българи (од нив 308 чифлигари) и две цркви.[5][13]
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) пред Балканските војни Оризарци имало 80 куќи на Македонци христијани.[15]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Оризарци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Оризарци или Цертик (Ορυζάρτσι ή Τσερτίκ) имал 460 жители, од кои 230 мажи и 230 жени.[9] Поради грчкиот терор врз селото, во 1914 г. неколку семејства се иселиле во Бугарија, поради што во 1920 г. населението се намалило на 393 лица.[3] Во 1924 г. поради притисоците и малтретирањето на власта селото го напуштиле уште 211 жители (54 семејства)[3] На нивно место се доведени грчки доселеници од Источна Тракија и помал дел од Мала Азија. Малоазиските доселеници всушност биле жители на Киздервент — Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[16][17]
Во 1926 г. селото е преименувано во Ризија.[18] Во 1928 г. Оризарци е претставено како мешано село со 658 жители,[3] од кои 434 лица (106 семејства) биле дојденци.[19]
Во 1940 г. се накачило на 758 жители, од кои, според статистиката на НОФ, 259 биле староседелски Македонци.[3]
Месности во Оризарци преименувани со службен иказ на 31 јули 1969 г.
Мичко Оризарски — револуционер на ВМОРО, опеан во комитска песна,[23] ја потпомогнал офанзивата на I Одделна партизанска чета на МОО во Ениџевардарско[24]
↑Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 год. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
↑Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
↑Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
↑Бабев, Иван. Македонска голгота, Македонска голгота, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр.329
↑Генов, Георги (2007). Беломорска Македония : 1908 - 1916(PDF). Toronto, New York: Благотворително издание на бежанците от Вардарска и Егейска Македония, емигранти в САЩ и Канада, Veritas et Pneuma Publishers Ltd., Multi-lingual Publishing House. стр. 113. ISBN978-954-679-146-4 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).