Даутли (Гевгелиско)Оваа статија се однесува на село во Гевгелиско. За други места со истото име, погл. Даутли (појаснување).
Даутли (грчки: Αμπελοχώρι, Амбелохори; до 1926 г. Δαουτλή, Даутли[1]) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало северно од градот Ругуновец, на самата границата со Р Македонија јужно од Севендекли и западно од Крастали. ИсторијаНа почетокот на XX век Даутли било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Даутлиј имал 225 жители Турци.[2] По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција, кога имало 272 жители. Како последица од Првата светска војна, во 1920 г. населението се намалило на 128 жители. Турското население во 1924 г. се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки доселеници од Понд.[3], а во 1926 г. државата го преименува во Амбелохори. Така, во 1928 г. во Даутли се попишани 33 семејства со вкупно 97 жители, сите дојденци.[4] Во пописот од 1940 г. во Даутли се заведени 111 жители.[3] Во 1941 г. добар дел од жителите се преселиле во селото Колиби. Според Симовски, селото продолжило да постои сè до 1951 г. кога преостанатите 60 жители се иселиле во кукушкото село Севендекли, каде се прибрале и жителите од неколку околни села, сместувајќи се во новоизградени државни станови.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia