Во 1874 г. селскиот поп Христо Шимов (Шишов) ја префрлил неговата парохија (селата Геракарци, Петгас, Рамна и други) во Бугарската егзархија.[10] Во црквата го заменил син му Георги Шимов, кој работел како егзархиски поп до 1912 г. кога бугарската црква е затворена од грчките власти.[11]
Во селото воделе борба двете пропаганди — бугарската и грчката. Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.[12]
На австроунгарската воена карта селото е означено како Доганџи (Гиркарци) (Dogandži (Girikarci)),[13] а на картата на Кондојанис се води како Геракарци (Γερακάρτσι), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години на XIX век Геракарци (Γερακάρτσι) било село со 40 христијански семејства.[14]
Најголемиот дел на жителите останал под Егзархијата. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Гиракарци Дуганџа (Guirakartzi Dougandja) имало 304 Макдонци егзархисти и 40 Македонци патријаршисти, а во селото работело бугарско училиште.[15]
Кукушиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„
Гиракарци, 18 /III, 2 ч. од Грубевци. 38 македонски[16] егзархиски куќи, чифлик. Се занимаваат со земјоделство, бубарство и лозарство. Пред 7 години селаните зеле да го откупуваат чифликот и авансирале 800 лири, но стопанот, Евреин, ги измамил и сите тие пари отишле во ветар. Од Патријаршијата се откажале пред 14 години. Црквата отворена, нема никакви имоти. Училиштето (вакуф) е двокатно, со низок подрум и две простории.[17]
“
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Геракорци имало 49 семејства со 257 жители Македонци (207 чифлигари) и една црква.[7][18]
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Γερακάρτση) имало 209 егзархисти.[14][19]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Ѓерекарце (Ђерекарце) пред Балканските војни имало 80 куќи на Македонци христијани.[20]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Геракарци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. В 1912 година е регистрирано като селище с христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Геракарци или Дуганџи (Γερακάρτσι ή Δουγαντζή) се води како село со 266 жители (155 мажи и 101 жена).[14] Во 1920 населението броело 244 лица.[3]
Поради теророт на грчките власти, до 1925 г. 215 лица биле принудени да се иселат во Бугарија и ликвидирани се 39 имоти.[14] Друг дел од населението се преселило во Гуменџе, и така во селото останале само две староседелски семејства.[3] На нивно место се населени дојденци од селото Киздервент во Мала Азија чие население се Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[21][22] Во 1928 г. селото е претставено како мешано мештанско-дојденско со 192 дојденци (55 семејства).[23]
Во 1926 г. селото е преименувано во Гераконас за да звучи грчки.
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
476
407
463
393
387
350
286
234
176
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
↑Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 год. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 85.
↑Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
↑Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.