Романово
Романово или Орманово (грчки: Δασερό, Дасеро; до 1926 г. Ορμάνοβο(ν), Орманово(н)[1]) — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2] ГеографијаСелото се наоѓало на југоисточните падини на планината Пајак, меѓу селата Геракарци на североизток и Цигарево и Радомир на југозапад. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Романово било чисто македонско село во Ениџевардарската каза. На австроунгарската воена карта е означено како Орманово (Ormanovo),[3] а на картата на Кондојанис се води како Ормановон (Ορμάνοβον), христијанско село.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Романово живееле 60 Македонци христијани.[5][6] По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Романово имало 30 семејства сочинети од 155 жители Македонци, од кои 105 биле чифлигари.[5][7] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Романово пред Балканските војни имало 60 куќи на Македонци-муслимани.[8] Во ГрцијаПо Балканските војни селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска и муслиманска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Орманово (Ορμάνοβον) е заведено како село со 20 жители (11 мажи и 9 жени).[4] Во 1924 г. христијаните се иселени во Бугарија, а муслиманите во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1920-тите на нивно место власта довела грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Дасеро. Во 1928 г. Романово се води како чисто дојденско село со 14 семејства сочинети од 72 жители.[9] Малку подоцна селото се распаднало кога неговите жители се иселиле во други села во отсуство на пристојни услови за живот.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia