Ересели

Ересели
Ποντοηράκλεια
Ересели is located in Грција
Ересели
Ересели
Координати: 41°6.15′N 22°37.22′E / 41.10250°N 22.62033°E / 41.10250; 22.62033
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000001900000019 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно527
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ересели или Ресели (грчки: Ποντοηράκλεια, Пондоираклија, до 1954 година Ερεσελή, Ερεσελίον, Ересели, Ереселион[2]) — село во Грција, општина Пајонија, област Централна Македонија. Населението брои 527 жители (2021).

Географија

Селото се наоѓа северно од градот Ругуновец (Поликастро), близу до границата со Република Македонија. Јужно од селото е сместено Арџанското Езеро, коешто денес е целосно пресушено.

Историја

Во Отоманското Царство

Во почетокот на XX век Ересели е турско село во гевгелиската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 Ересели има 188 жители Турци.[3]

Во Грција

После Втората балканска војна во 1913 година селото влегува во рамките на Грција. Населението се иселува во Турција и на негово место се населени понтски Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година целото село е бегалско со 92 семејства и 333 жители бегалци.[4] Во 1954 година селото е преименувано во Пондоираклија, во превод Понтска Ираклија.

Наводи

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ερεσελίον -- Ποντοηράκλεια
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 151.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya