Селото се наоѓа на 12 км северозападно од Гуменџе, на источните падини на планината Пајак. Во непосредна близина на Баровица се остатоците од напуштените постари населби Селиштето, Ниризините, Паљори и Кодру Мушат, кои постоеле пред Баровица.[3]
Топонимија
Ова е список на традиционални влашкитопоними во Баровица и околината:[3]
Во XV век во Баровица по име се заведени 39 глави на домаќинствата.[4] На крајот од XIX век Баровица било влашко (мегленовлашко) село во областа Влахомеглен во процес на напредната македонизација.[5][6] Според преданието, селото е основано од од арамии, на чие чело стоел војводата Баро.[3] Според Боривое Милоевиќ, населението порано се занимавало со номадско сточарство, но подоцна наполно му се предале на земјоделството.[7]
На почетокот на XIX век во Баровица се доселиле семејства од селата Грипа и Карпин,[3] растурени поради разбојништво на турски и албански банди.
Црквата „Св. Петка“ е изградена во 1830-тите.[8] Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. се уапсени старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна РЕка, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.[9]
Во 1894 г. Густав Вајганд („Аромани“) напишал дека Баровица е помакедончено влашко село во кое стамо старците зборуваат влашки.[10][11]
Во октомври 1897 г. револуционерите Аргир Манасиев и Пере Тошев во селото организирале комитет на ВМОРО. Манасиев напишал за Баровица:
„
Во с. Баровица нашата организација беше поограничена, зошто имаше гркомани, па на собранието ги повикавме само оние на коишто можеме да им се довериме. По желба на Коста Гацев и неговите браќа ги повикавме некои од селаните што ни ги посочија и го удривме темелот на организацијата.[12]
По Младотурската револуција 6 куќи од селото станале гркомански.[17] Во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во која се жалат на затворањето на црквата и училиштето поради клеветата на 7 гркомански патријаршистички куќи, со тоа лишувајќи 150 егзархиски куќи од духовен живот и образование.[18]}}
Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Баровица имало бугарски учител назначен од егзархијата, но властите не дозволиле отворање на училиштето поради статуквото.[19]
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Баровица имала 154 семејства сочинети од 847 жители Македонци и една црква.[13][20]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Баровица пред Балканските војни имала 135 куќи на Власи христијани.[21]
Во Грција
По Балканските војни во 1923 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 896 жители.[3] Во 1914 г. 10 семејства се иселиле во Бугарија како осомничени соработници на комитите, а уште некои во Америка.[3][22] Затоа во 1920 г. бројот на жители се намалил на 714 лица.[3] Во 1924 г. дошло до понатамошно намалување на населението кога 30 семејства се иселиле во Бугарија, од кои 4 потоа дошле во Гевгелија.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Кастанери.[23] На пописот од 1928 г. селото е заведено со 680 жители, но потоа доживеало голем прираст, за во 1940 г. да бидат попишани дури 945 лица.[3]
Баровица настрадала во Втората светска и Граѓанската војна кога 60 лица загинале како активни борци, а 25 семејства се преселиле во НР Македонија (во Скопје, Велес и Гевгелија). По војните извесен број семејства се преселиле во Гуменџе, во Солун и во странство. Со тоа во 1952 г. населението опаднало на 632 жители[3] и продолжило да опаѓа, овојпат поради преселување во поголемите градови.
Месности во Баровица преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
↑Буга̀ри гъркома̀ни. Разказано по говора на Ениджевардарско, село Ба̀ровица, от Димитър Христов, записал Л. М., Македонски преглед, г.I, кн. 3, 1925, стр. 103.
↑Македония : Сборник от документи и материали. София: Българска академия на науките. Институт за история. Институт за български език, Издателство на Българската академия на науките. 1978. стр. 538–539.
↑Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 год. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
↑Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
↑Буга̀ри гъркома̀ни. Разказано по говора на Ениджевардарско, село Ба̀ровица, от Димитър Христов, записал Л. М., Македонски преглед, г.I, кн. 3, 1925, с. 104.