Витанци
Витанци — село во областа Гроот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Гроот, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, сместена на водоразделието на реките Бабуна и Тополка, од левата страна на патот Велес-Чашка.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 280 метри.[2] ИсторијаВо XIX век, Витанци било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот зафаќа површина од 5,3 км2.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Витанци имало 60 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Витанци имало 80 жители.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5] Селото е наполно раселено во 1971 година, кога што броело 10 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Витанци немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Чашка. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Војница, во која покрај селото Витанци, се наоѓале и селата Војница, Крајница и Ораовец. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година. Избирачко местоСелото влегува во рамки на избирачкото место бр. 2237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селска зграда во селото Војница.[11] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[12] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia