Жителите кои се изјаснале како значително како Турци, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, по што може да се забележи во изјаснувањето за мајчин јазик, односно:
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 775 жители, од кои 179 Македонци, 87 Албанци, 368 Турци, 15 Бошњаци, 86 останати и 40 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1967 година, родови во селото биле:
Торбешки:Мифтаровци, Салиовци, Алиловци, Левеновци, Билевци, Камберовци, Адемовци, Ќоревци, Шопевци, Абдиловци, Шпиртовци и Исмаиловци. Секој род во просек имал по 10 куќи. Населението е доселено кон крајот на XVIII век од мијачкиот крај. Највеќе се доселени од селото Жировница.
Бошњачки:Бошњаци (2 к.) доселени се од селото Конца кај Тутин во 1950-тите. Овде дошле двајца браќа и се ожениле.
Албански:Шиптари (1 к.) доселени се кога и родот Бошњаци од Косово; Јаболчиштанци (2 к.) доселени се од селото Долно Јаболчиште.[8]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2228 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
Од Мелница е иселен голем број од торбешкото население. Највеќе се иселиле во Турција. Во првиот бран од 1912 до 1914 година 20 семејства се иселиле во Турција. Во вториот бран од 1924 до 1938 година се иселиле 80 семејства. А во третиот бран од 1954 до 1966 се иселиле 130 семејства. Најголем број од населението се иселило во Аксихар, Бурса и Измир.[8]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“