Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:
Староседелци:Бошковци (5 к.), Славевци (7 к.) и Јанкуловци (3 к.) порано живееле во раселеното село Бафтинци, кое се наоѓало во атарот на селото Крајници. Во родот Бошковци се знае следното родословие: Милјан (жив на 72 г. периодот 1966-67) Ристо-Недо-Манасија-Бошко-Мише-Костадин, кој дошол во Крајници средината на XVIII век.
Доселеници:Петревци (5 к.) доселени се од некое село во Дебарско, го знаат следното родословие: Борис (жив на 70 г. периодот 1966-67) Јован-Митре-Анѓеле-Петре, кој се доселил во селото; Шијаковци (8 к.) за нив се претпоставува дека се доселени од Шијак во Албанија; Карадоламци (1 к.) доселени се од раселеното село Припор, подалечно потекло од селото Црнилиште, Прилепско; Зајковци (1 к.) доселени се во 1915 година од селото Скачинци; Арсевци (1 к.) доселени се од селото Никодин, тиквешко/Прилепско; Егејци (2 к.) доселени се од воденско, од селото Горно Родиво.[7]
Иселеништво
Иселувањето се одвива за време на индустријализацијата на Македонија во почетокот на седумдессетите години на дваесеттиот век.Претежно мештаните од крајници се иселувале во Велес. Крајници не важи за иселеничко место за надвор од Македонија а малиот број на иселеници се претечно во западна европа најчесто во Германија.
Целосно се иселени следните родови: Трендевци, Ризовци, Кочовци и Караџовци. За Караџовци се збори дека биле доселени од селото Магарево, Битолско. Други иселеници се: Богоевци, Костовци и Крајничани. Првите два рода се иселени во селото Црквино, додека третиот род е иселен во Подлес и Скопје.[7]