Горчливи легенди
Горчливи легенди — патеписна проза на македонскиот писател Славко Јаневски, издадена во 1962 година. Исто така, овие патеписи се објавени и во склоп на Избраните дела на НИК „Наша книга“,Скопје, 1969, и како книга 4 во 1971 на српскохрватски јазик (НИП „Наша книга“ Скопје 1971)[1] СодржинаСамиот автор во уводната белешка кон Избраните дела, на македонски јазик, вели: „Во оваа книга се застапени исклучиво патописи од Африка и Азија што се објавувани во извесна верзија во Нова Македонија во времето на патувањето од што авторот и можел да го мине првиот неколкумесечен пат од Сирија до Јапонија. Оваа книга е и на српскохрватски во Белград. За ова издание се проширени објаснувања на крајот на книгата“. Уредник на изданието бил Видое Подгорец, а изборот и редакцијата ги направил Миодраг Друговац. [2] Поговор кон изданието година од 1976 има напишано Миодраг Друговац, давајќи свој осврт за овој вид на проза, со особено задржување на единственоста која авторот ја воведува во овој жанр. [3] Во книгата „Горчливи легенди“ застапени се вкупно 15 патописи: Египет, Судан, Во водите на Сомалија, Гвинеја, Пред Аден, Пакистан, Индија, Бурма, Во водите на Цејлон,Виетнам, јужно, Малаја, Сингапур, Хонгконг, Борнео и Јапонија. Своите искуства од овие места наоѓаат свој призвук и во делата на авторот, особено во детската поезија, а овие патеписи се обележани со единствената поетика на овој автор, кој творечки инвентивно со силата на својот талент ја внесува и својата личност и своите интимни чувствувања. [4] „ Гледај го релјефот на земјата, истражувај, но не копај им ги срцата на континентите, премал си - никогаш двајца патеписци на ист начин не и се доближиле на стварноста, на која не мораме секогаш да сме и кумови со името Вистина.“ пишува Славко Јаневски во „Горчливи легенди“, со намера да го открие внатрешниот свет на другите, не ретко се открива токму себеси, својот внатрешен свет. Во секој од овие патеписи авторот тргнува од легенда, мит, која ја пресоздава на само негов единствен начин, па тука се наѕира неговото потекло, Балкан, Македонија, Скопје. Авторот го спротивставува својот расказ непризнавајќи само едно време, туку ги вкрстува времињата и луѓето и настаните од далечните и блиски епохи во едно време, времето на сопствената имагинација. Тој е исклучителен стилист, познавач на својот јазик, мајстор на уметничкиот збор, и претставува „родоначалник и втемелувач на уметничката патеписна проза од највисок ранг...тој е лиричари раскажувач, и историчар и етно-психолог, и географ и толкувач на сопствениот внатрешен свет.. патник...филозоф...интензивен есеист...- нагласува Миодрег Друговац во неговиот поговор.“[5] Наводи
Надворешни врскиhttp://www.makedonika.mk/Kniga_popup_knigoteka.aspx?idBook=3440
|
Portal di Ensiklopedia Dunia