Доленци се наоѓа во средишниот дел на етнографската област Железник (Демир Хисар). Сместено е во дол, меѓу ридовите: Задел, Кула и Осон на надморска височина од 720 метри.
Се работи за ридско село чиј атар зафаќа простор од 10,6 км2. Од него, шумите зафаќаат површина од 561,1 хектар, обработливото земјиште опфаќа 218,6 хектари, а пасиштата 211 хектари.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[13]
Староседелски:Дамјановци (15 к.), Ристевци (9 к.) и Белевци (9 к.).
Доселеници со непознато потекло:Богдановци (3 к.).
Доселеници со познато потекло:Андревци (6 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај. Го знаат следното родословие: Исијан (жив на 58 г. во 1951 година) Лазар-Насте-Андре, кој се доселил; Нешковци (5 к.), доселени се од селото Бабино, таму припаѓале на родот Карадаковци; Тупановци (10 к.), Макаријовци (10 к.), Лајкучевци (1 к.), Малевци (2 к.) и Бубушовци (1 к.), сите доселени од селото Цер; Мартушовци или Крлевци (9 к.), доселени се од селото Лесково и Беговци (5 к.), доселени се од селото Сопотница.
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Доленци, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Големо Илино, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Доленци, во која влегувале селата Брезово, Бабино, Базерник и Доленци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 647 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
Змеева Дупка — се наоѓа на десната страна од Црна Река на падините од Павлев Рид на надморска височина од 780 м. Околу пештерата има дабова шума, а пристапот до влезот е погоден. Веднаш по влезот пештерата има тесен ходник, а потоа се спушта скоро вертикално околу 3 м. Потоа се протега косо кон северозапад и постепено се проширува. Долу има сала во неправилна форма од 11 до 20 м. во западниот дел се наоѓаат два големи сталагмити со пречник од околу 60 см. Народот верувал дека двата сталагмити се скаменети девојка и змеј.
Еврејска Дупка — се наоѓа на западната страна од ридот Курати на 920 м. над. висина. Влезот на пештерата се наоѓа на доста стрмен терен обраснат со густа габрова и јасенова шума и тешко можи да се пронајди. Влезот е широк 1 метар, а висок 40 см., па човек може да влези само лазејќи. Пештерата изобилува со сталагмити и сталактити.
Камења
Брат и Сестра — се наоѓаат на 150 м. над селото. Овие камења се високи по околу 8 м.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 20,020,120,2Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 21,021,1Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.