Граиште
Граиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар. Потекло на иметоВо народот постои верување дека името на селото потекнува од неговата местоположба, поради близината на тумбето Градиште на кое некогаш постоел утврден град.[2] Географија и местоположба![]() Ова село се наоѓа во Железник, во средишниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од самиот град Демир Хисар, на оддалеченост од околу 3,5 километри.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 610 метри.[3] Градиште е рамничарско село со околу дваесетина куќи, градени во поново време. Меѓу нив и стари руинирани градби. Од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 32 километри. Се граничи со селата Сладуево, Журче и Бараково на север, со селото Вардино на исток, со градот Демир Хисар на југ и со селата Белче и Слепче на запад.[2] Се наоѓа во долината на Црна Река, а во самиот атар на селото се влева реката Обедничица во Црна Река. Крај селото се наоѓа Граиштанскиот манастир. ИсторијаГраиште се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер. Во селото имало 22 христијански семејства, 1 неженет и 3 вдовиди со вкупно 123 жители. Според пописот од 1568 година селото се намалило на 38 жители.[2] Во XIX век, Граиште било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4] ГрадиштеГрадиште бил град-артерија во југозападниот дел на античка Македонија. Бил сместен на ридот над водите на Црна Река, крај денешното село, на кота 757 м.н.в. Видливо и денес се оцртуваат повеќе тераси - нивоа во облик на концентрични кругови. Тие биле ѕидини, односно одбранбени прстени. Обликот на тврдината е прилагоден на конфигурацијата на теренот. Тврдината има правец СИ-ЈЗ, во должина од 250 м и СЗ-ЈИ во ширина од 70 м. Во североисточната половина се наоѓа плато (акропол), со трапезеста неправилна форма. Пронајдени се монети со ликовите на Филип II, Александар Македонски и други македонски кралеви. Оваа тврдина имала важна улога и во текот на римското, византиското и самуиловото владеење, како и во времето на средновековните владетели Добромир Хрс и Добромир Стрез. Во изворите покрај името Градиште фигурираат и имињата Браунион, Трипола и Добрун.[5] Стопанство![]() Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со 218,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 70,4 хектари, а на шумите 49,9 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција.[3] Населението се занимава со земјоделство, одгледува градинарски култури, пченка и секако тутун.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Граиште имало 180 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Граиште имало 200 жители.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Градиште се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 34 куќи.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9] Во 1961 година селото било средно по големина и броело 311 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 164 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 145 жители, сите Македонци.[10] Според неофицијални податоци, во 2015 година селото броело над 90 жители.[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 71 Македонец и 1 лице без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГраиште е македонско село. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[16]
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Граиште, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0622 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
ИселеништвоПостари иселеници до 1952 година имало во Србија (1 семејство), Битола (1 семејство) и во Гостивар (1 семејство).[16] Потоа продолжило иселеништвото и од Граиште има иселеници во градовите Битола, Демир Хисар и Скопје, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia