Единаковци се наоѓа во источниот дел на Општина Демир Хисар потегот на излезниот дел на Црна Река во Пелагонија. Селото е рамничарско на надморска височина од 670 метри. Од Демир Хисар селото е оддалечено 7 километри.
Историја
Името на селото потекнува од зборот „единак“, што значи чешел за лен.
Селото има поледелско-сточарски карактер[5]. Во Единаковци има и млин за мелење пченично брашно „Жито Брест“ со 15 вработени лица[5]. Во селото има две колонијални продавници. Населението се занимава со одгледување на тутун, градинарство (пипер), одгледување на овци (200) и крави (100), живина и сл[5]. Секоја куќа има трактор, значи над 100 трактори, 1 комбајн, неколку камиони, а има и косачки, балерачи и др[5].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Единаковци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 66 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, во Единаковци живеат 338 жители, сите се Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 228 жители, од кои 223 Македонци, 1 Албанец и 4 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[16]
Доселеници:Котевци и Лутовци (15 к.) доселени се од раселеното село Љутоица кое постоело кај селото Вардино. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 100 г. во 1952 година) Никола-Коте-Вељан, кој се доселил; Главевци (30 к.) се делат на Мирчевци, Цветановци, Милошовци и Трпчевци. доселени се од некое место во Прмет во Албанија. Го знаат следното родословие: Спиро (жив на 80 год, во 1952 година) Ристе-Лозан-Кочо, предокот кој се доселил; Барбовци или Стојановци (1 к.) стари деленици од Главевци; Божиновци и Јанковци (5 к.) доселени се од Шумадија во Србија; Ортаковци или Сиљановци (5 к.) доселени се од селото Вардино; Темелковци со Нешковци (8 к.) доселени се од селото Бирино; Јанкуловци или Анчевци (4 к.) доселени се од некое место кај Пелистер (Баба), Битолско; Паспаловци (1 к.), Радевци (1 к.), Шеклевци (1 к.), Домазетовци (1 к.) и Алексовци (2 к.) доселени се однекаде.
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Единаковци, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 625 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 21,021,1Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.