Добромирово
Добромирово — историско село на територијата на Општина Демир Хисар,[2] во западниот атар на с. Слепче. ГеографијаДобромирово се наоѓало во областа Железник, во источните пазуви на Илиница (дел од Бигла), западно над селото Слепче и северно над Слепченскиот манастир. На ова место денес е манастирот Добромирово со црквата „Пресв. Богородица Балаклија“, наречена „Источен Петок“, која е обновена во 1970 година според старата црква на селото. ИсторијаСелото постоело барем уште од средниот век, за што сведочи истоименото наоѓалиште на ова место со старата црква и некропола, возобновена во 1970 г. облик на денешниот манастир во 1970 г.[3] Се смета дека местото е наречено по македонските владетели Добромир Хрс или Добромир Стрез, кои тука доаѓале на одмор. Во османлиско време селото било тимар на извесен Азап, чии жители се занимавале претежно со сточарство и дрводелство. Во 1468 г. селото платило 1.035 акчиња данок, од кои 320 за пченица; 200 за ’рж и јачмен, како и за лен, свињи, ушур за лозје; за бостан, за воденици, за свадбарина и најмногу за испенџе — 381 акче.[2] Добромирово се споменува во 1468 г. со следниве жители: Мирче, син на Негослав; Леко, син на Пралог; Доно, син на Никола; поп Велјан; поп Димитри; Никола, син на поп; Василко, Јано син на Богдан; Драле; Бојо, син на Драле; Никола, син на Ѓурко; Томо, син на Губеро; Јован, сиромав; Степан, брат на Јован; Дико, син на Миладин; Синком син на Дабе; син на Којо Степан, брат на Бојо; Андреја, Арбанаш; Ѓуро, син на Андреја; Владе; Рајан, син на Владе; Братул, син на Владе; Васил, син на Владе; Божик, син на Арбанаш; Којо, син на Богој; Јанко, син на Којко; Којо, син на Робе. Селото имало 28 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, во вкупно население од 145 жители. Во 1568 г. селото е заведено со 125 жители.[2] Во XVIII век почнало значително преселување на населението во Слепче, кои уште претходно често се симнувале во него.[2] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia